Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Заштита на личните податоци

Целта на оваа Политика на Приватност

Студио Модерна Дооел Скопје, ул. Костурски Херои бр. 38, 1000 Скопје, Македонија (»Студио Модерна«) ја вреднува вашата доверба која ни ја имате покажано преку споделување на вашите лични информации со нас.  Ние ви ветуваме дека ќе ги третираме вашите лични информации во рамките на оваа политика, важечкото законодавство и вашите желби. Ги користиме личните информации за процесирање на вашите нарачки, испраќање е-вести за кои се имате претплатено или за стапување во контакт со вас на други начини, доколку ни имате дадено согласност. Истовремено, ги користиме вашите лични податоци за подобрување на нашите производи и вашето искуство кога купувате кај нас преку било кој канал.

Оваа Политика на Приватност се аплицира за процесирање на лични податоци кои се собираат и процесираат онлајн, како и лични податоци собрани преку други канали (телефон, малопродажба,  наградни игри, ако не е дефинирано на друг начин).

Оваа Политика на Приватност цели да ви даде јасна слика на тоа како ги процесираме вашите лични информации кои ни ги доделувате, нашата посветеност кон нивна заштита, вашите права и опциите кои ги имате за контрола на вашите лични информации и заштита на вашата приватност.

Што се Личните Информации и останатите употребени термини?

“Лични Информации” е било која информација поврзана со вас и која ве идентификува лично, дали сама или во комбинација со други информации кои ни се достапни. Студио Модерна ќе собере различни Лични Информации за вас, кои ќе ни ги доделите, вклучувајќи ја и вашата историја на купувања/ Студио Модерна нема да собира други специјални категории на Лични Информации (освен ако не е дефинирано различно).

“E-Вести” се електронски вести кои вклучуваат вести за информационални намени, понуди, настани, промоции и било кои други вести кои Студио Модерна сака да ги сподели со вас;

“Договорни процесори” се партнери, со кои Студио Модерна има пишана согласност и кои процесираат само Лични Информации во име на Студио Модерна и не ги споделуваат со трети лица.

“Веб-страници” се однесува на сите Студио Модерна страници, вклучувајќи ги:

Како и кои Лични Информации ги собираме?

Вашите Лични Информации се собираат преку:

  • E-вести претплата- секој корисник кој се претплатува на е-вести, кои вклучуваат вести со информациони намени, понуди, настани, промоции и било кои други вести кои Студио Модерна сака да ги сподели со вас;
  • Нарачка (преку интернет или телефон)- кога нарачувате производи вие мора да ни ги дадете вашите Лични Информации за да можеме да ја процесираме вашата нарачка;
  • Регистрација - Студио Модерна ви нуди можност за регистрирање за да не мора да внесувате информации за достава секој пат кога нарачувате производ. Регистрацијата не е неопходна за купување и изборот - дали ќе се регистрирате или не, е ваш;
  • Наградни игри - различни Лични Информации се собираат преку Наградните игри кои може да имаат додатни правила и услови од оние дефинирани овде. Ве молиме да ги проверите правилата и условите на секоја наградна игра пред да учествувате;
  • Нашиот малопродажба тим: во случај да сакате да ги споделите вашите Лични Информации со нашиот тим во малопродажба. Секако ова не е неопходно за купување.

Зависно од тоа кои Лични информации сакате да ни ги доделите и зависно од намената на секоја форма на прибирање на Лични Информации, информациите собрани од вас може да бидат:

  • E-mail адреса;
  • Име;
  • Презиме;
  • Адреса;
  • Поштенски код и град;
  • Телефонски број (Фиксен и/или мобилен);
  • Датум на раѓање;
  • Пол.

Со вашата употреба на веб-страницата (регистрација, нарачка…) пребарувачот испраќа информации за вас преку нашите сервери вклучувајќи и  IP адреса, датум и време на посета и информации за времето поминато на нашите веб страници, референтниот URL (веб страницата од каде сте дошле); страници кои ги имате посетено на нашата Веб страна; и информации за уредот или пребарувачот (пр. Типот на пребарувач и верзијата, оперативниот систем).

Додатно, може да собереме одредени информации до Колачињата и слични уреди. Кликнете овде и проверете ја нашата политика на колачиња за повеќе информации за употребата на колачиња и слични уреди.

Кога ги користите нашите веб-страници можете исто така да ги овозможите информациите за вашата локација. Сите пребарувачи ќе ја побараат вашата дозвола за споделување на вакви информации. Така само во тој случај, вашите информации за локација ќе бидат споделени од Студио Модерна (пр. “најди ја најблиската продавница”).

Како ги користиме вашите ЛичниИнформации?

Процесирање на вашата нарачка

Ако имате нарачано производи од Студио Модерна ние ќе ги искористиме вашите лични информации за праќање на нарачаните производи и за контактирање со вас за статусот на вашата нарачка преку мејл, телефон или друго. Ова ќе биде наменето за извршување на договорoт за купување. Ние исто ќе ги препратиме вашите лични информации на сервисите за достава и складишата за да вашата нарачка биде спакувана и доставена до вашата адреса за достава. Ние ги процесираме вашите Лични информации на начин кој е базиран на согласноста за купување која ја имаме склучено со вас.

Ние можеме исто да ја искористиме вашата возраст за да провериме дали сте доволно возрасни за да склучувате валидни договори за купување и дали нам ни е дозволено да ги процесираме вашите лични информации. Ние користиме лични информации на начинот на кој сме легално обврзани.

Овозможување на Поддршка на Корисници

Ако нè контактирате преку одделот за поддршка на корисници или преку други оддели преку мејл, телефон, чат (на нашите веб-страници или на странциите на социјални медиуми) ние ќе ги процесираме  вашите Лични Информации вклучувајќи ја и вашата информација за нарачка и историја со цел да го решиме барањето и да ви ја овозможиме најдобрата можна услуга. Ние ќе ги обработиме таквите лични информации на неопходниот начин потребен за изведбата на договорот со Студио модерна или доколку ни е побарано од правните обврзници.

Персонализирана комуникација со вас

  • Доколку сте претплатени на нашите E-вести и имате желба да добивате е-вести и се согласите со нашата Полиса за Приватност, ние ќе ви испратиме персонализирана комуникација преку мејл базирана на вашата согласност;
  • Ако ни дадете согласност (онлајн, преку телефон, или во малопродажба) за персонализирана комуникација може да ве контактираме преку телефон, смс, мејл или принт каталози.
  • Можеме исто така да ви испратиме принт каталози базирани на легитимните интереси.
  • Ако имате купено производ и ни го имате дадено вашиот мејл во процесот на купување, ние можеме да го искористиме истиот за да ви испраќаме е-вести од наши слични производи или услуги. Ние ви даваме опција да се отпишете од сите идни е-вести на наши слични производи во потврдата на нарачка или во било кој следен мејл со промотивен материјал кој го добивате од нас.
  • За обезбедување на подобро купувачко искуство ние може да ви испратиме понуди со производи кои се прилагодени на вашите преференци. Оваа персонализација е базирана на ваши претходни купувања и акции на нашите страници и е базирана на легитимен интерес.

Персонализираната Комуникација со Клуб 5* членовите е базирана на  договорот помеѓу  Клуб 5* членот и Студио Модерна. Во случај Клуб 5* членот исто така дал согласност за членство под одредени услови, таквата договорна обврска ја заменува согласноста како легална основа, освен ако корисникот не ја извести Студио Модерна дека не сака да биде контактиран. Повеќе информации на Клуб 5* правила и услови.

Ние можеме исто да ги искористиме  вашите  Лични Информации за ретаргетирање и прикажување на реклами. Ние можеме да ги обработиме вашите Лични Информации базирано на интересите на Студио Модерна, освен ако против на каков било вид на персонализирана комуникација со Студио Модерна. Секако дека можете да се спротиставите на ова во кое било време. Ретаргетирање и прикажување на реклами овозможено со колачињата е во согласност со нашата Политика на Колачиња.

Анализа

Студио Модерна ќе ги користи вашите Лични Информации за анализи и истражувања (таквите анализи и истражувања ќе бидат спроведени на псевдомизирани и анонимизирани основи секогаш кога тоа е возможно), што е неопходно за намената на нашиот легитимен интерес и за разбирање на нашите потрошувачи и нивните преференци, идентификувајќи шеми и трендови, подобрувајќи го корисничкото искуство, овозможувајчи информации, содржина и понуди создадени по вашите потреби, генерални истражувања и статистички намени и агрегирање на извештаи, за развој на нови производи и услуги, надгледување на перформансата на постоечките производи и услуги и подобрување на нашата технологија, за да би можеле да ви испраќаме пероснализирани маркетинг пораки и да прикажуваме онлајн реклами.

Дали ги споделувате моите Лични Информации?

Договорни процесори

Ние ја почитувам довербата која ни ја имате укажано со споделување на вашите Лични Информации и ние нема да ги споделиме со никого за нивна лична употреба или намена. Како и да е, ние може да ги споделиме вашите Лични Информации со нашите договорни процесори за на пример достава на вашите производи (со нашиот магацин, сервис за достава), плаќање на нарачката (пр. Банка), персонализирана комуникација (принтерници, сервиси за достава) итн. Со кои ние имаме склучено пишани договори за обработка на вашите Лични Информации само за претходно дефинираните намени.

Социјални Медиуми

Веб-страниците на Студио Модерна можат да ви овозможат социјални приклучоци од разни социјални мрежи. Доколку изберете да стапите во интеракција со нив (преку регистрација на профил на социјален медиум), вашата активност на нашата веб-страница или виа нашите апликации може да биде достапна на таа социјална мрежа, базирано на Политиката на Приватност на која се имате согласено при регистрација на таа мрежа. Доколку не сакате да ги споделите тие информации, ве молиме одлогирајте се од тие социјални медиуми.

Со властите

Во случај на барање од страна на легални или правни спроведувачи и доколку е потребно за одредени правни процеси, истраги итн, Студио Модерна може да ги сподели вашите Лични Информации со властите.

Со ваша дозвола

Како додаток на претходно споменатото, Студио Модерна може да ги сподели вашите Лични Информации само со ваша претходна согласност на кому (која компанија) и за која намена можеме да ги споделиме вашите Лични Информации. Ова не е стандардна практика, но може да се случи во иднина.

Како ги заштитуваме вашите Лични Информации?

Студио Модерна ефикасно работи на имплементирање на соодветни технички и организациски безбедносни мерки, базирани на спроведената проценка на ризик, да ги заштити од било кои неавторизирани или нелегални процесирања и против било која случајна загуба, уништување или штета.

Согласно на ова, ние нема да ги споделиме вашите Лични Информации со трети држави (Не ЕУ држави), освен ако соодветни мерки за безбедност во согласност со применливото законодавство не се превземени.

Дали имам некакви права?

Секако. Можете да побарате да си ги остварите подолу наведените права во било кое време и без никаков трошок.

Повлекување на согласност

Доколку сакате да ја ограничите комуникацијата од Студио Модерна на само одредени канали на комуникација или дури сите, можете да го направите истото во било кое време со тоа што ќе нè известите преку мејл или со јавување.

Понатаму, Вие можете да се одјавите од нашата мејл комуникација со кликање на линкот за одјава кој се наоѓа во горниот или долниот дел од секој Студио модерна промотивен мејл.

Исто така можете да ни пишете на следната мејл адреа: info@topshop.com.mk

Можете и да ни се јавите на нашиот телефонски број за одјава: 02/ 30 94 550

На овој начин вие може да се повлечете од добивање на нашата е-пошта и/или комуникација преку други канали: СМС, Принт, Каталози.

Ние ќе се потрудиме да ја повлечеме вашата согласност најскоро можно. Со оглед на специфичноста на бизнис процесот и техничките ограничувања, возможно е, во рок од 15 дена од вашата одјава, вие сè уште да добивате е-пошта со маркетинг понуди и друга содржина од Студио Модерна (во тој случај мејловите веќе биле испратени или во фаза на испраќање). Однапред се извинуваме и ве замолуваме за разбирање.

Пристап, бришење и корекција на Личните Информации

Доколку имате регистрирана сметка можете да проверите одредени Лични Информации за вас. За пристап до целосните Лични Информации ве молиме контактирајте нè со испраќање на мејл на info@topshop.com.mk и ние ќе ви испратиме копија од целосните Лични Информации кои ние ги обработуваме за вас. Ваквите Лични Информации ќе бидат достапни за вас во форма која може да биде пренесена на трето лице на ваше барање.

Вие можете во кое било време да побарате корекција на вашите Лични Информации или да ги Избришете со праќање на мејл на info@topshop.com.mk.

Колку долго ќе ги чувате моите Лични Информации?

Ние ќе ги чуваме вашите Лични Информации сè додека сме легално обврзани или имаме ваша согласност. Вие можете во кое било време да побарате пристап до вашите Лични Информации или да ги избришете (освен ако ние немаме обврска да ги процесираме и понатаму таквите Лични Податоци).

Можам ли да добијам повеќе информации?

Можете во секое време да поставите прашање или да поднесете барање поврзанo со Личните Информации. За информација како да ги примените вашите права поврзани со Личните Информации, можете да се обратите на info@topshop.com.mk.

Ако претпочитате да нè контактирате преку обична пошта, ве молиме испратете го вашето барање до:

  • Студио Модерна Дооел Скопје
    Ул. Костурски Херои бр.38
    1000, Скопје, Македонија

Промени на оваа политика

Студио Модерна работи во согласност со интернационално признаени приинципи и законодавството на Лични Информации. Со оваа цел и исто така базирано на вашиот фидбек ние ќе ја дополнуваме оваа политика со цел да се осигураме дека нема да има никакви грешки во истата и дека ги содржи соодветните информации за вашите права и процесирани активности и дека е соодветно со применетото законодавство и најдобрите практики.

Ние можеме да ја менуваме од време на време за да бидеме во чекот со новите правни и маркетинг развитоци и шанси. Доколку направиме некакви значајни промени ќе ве информираме преку нотификација на нашите веб-страници или преку испраќање на дополнета политика на вашиот мејл. Секоја дополнетао Политика ќе биде секогаш објавена на оваа страница.

28.05.2018