Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Променете го душекот на секои 10 години!

ХИГИЕНСКИ АЛЕРГО ТЕСТ

Кажете ни колку е стар вашиот душек?

 
Кон крајот на петтата година вие:
  • сте спиеле скоро 15.000 часа врз душекот
  • вашиот душек има повеќе прашински грини од наслението во Лос Анџелес,
  • во вашиот душек има околу 5.2 кг. честички од човечка кожа (доколку двајца спијат на душекот)
На крајот од седмата година вие:
  • сте спиеле преку 20.000 часа на душекот
  • вашиот душек содржи околу 7.4 кг. честички од човечка кожа (доколку двајца спијат на душекот)
На крајот на деветата година вие:
  • сте спиеле преку 28.000 часа на душекот
  • вашиот душек содржи околу 9,4 кг. од честички од човечка кожа (доколку двајца спијат на душекот)
Кон крајот на десетатта година вие:
  • сте спиеле скоро 30.000 часа на душекот
  • вашиот душек содржи околу 10,4 кг. честички од човечка кожа (доколку двајца спијат на душекот)
  • вашиот душек е дом на скоро 10 милиони прашински грини

НАМЕСТО ДОБРА НОЌ ВРЕМЕ Е ДА КАЖЕТЕ ЗБОГУМ!

5 знаци дека треба веднаш да го замените вашиот душек

1

Вашиот душек е постар од 10 години

Ескпертите се согласуваат дека вие треба да го замените душекот после 10 години, зависно од материјалите на душекот, начинот на живеење, навиките на спиење, итн. За вас, времето можеби брзо поминува, но за душекот, 10 години се еден животен век. Иако може да чувствувате дека ништо не му недостасува нему ниту пак на начинот на кој спиете, времето е сигурен показател: Ако вашиот душек е стар 10 години или повеќе, тогаш е време да почнете да размислувате за вашето здравје.

НИЕ ЌЕ ВЕ ИЗЕДЕМЕ - БУКВАЛНО

Бубачки со 8 нозе кои се поврзуваат со крлежи и пајаци кои живеат во вашиот дом и се хранат секојдневно со лушпите од вашата мртва кожа.

Факт #1
2

Се будите ненаспани и уморни

Луѓето често ги обвинуваат сите работи освен душеците за лошиот сон. Стресната работа, децата, прекумерната храна пред спиење, итн. Да, овие работи можат да влијаат врз квалитетот на сонот, меѓутоа многу почесто, виновникот е вашиот душек..

НЕ СЕ ДУХОВИ, НИЕ СМЕ ТИЕ КОИ ГО ОПСЕДНУВААТ ВАШИОТ ДОМ

Ние сме скоро невидливи за човечките очи. 7000 од нас може да не собере на еден нокт.

Факт #2

АКО

  • имате болки,
  • се будите со болки во грбот и/или во вратот, зашеметеност или вкочанетост
  • се тресете и превртувате
  • често се будите во текот на ноќта
  • имате симптоми на алерија или астма
  • наутро се чувствувате уморни иако сте спиеле во текот на ноќта
  • на други места спиете подобро, на пр. во хотел или на кауч

Во тој случај потребно е да го замените вашиот душек.
Вашиот стар душек го спречува вашето тело да се опушти и да спие правилно.

3

Вашиот душек не изгледа премногу добро

Дури и најквалитетните душеци се излитуваат со текот на времето, па затоа внимателно проверете го вашиот, ако покажува било какви видливи знаци за прекумерна искористеност или деформација. Вдлабнатини, грутки, свиснати места, излитени и искинати делови, нерамна површина, дупки и дамки - сите овие јасно покажуваат дека на вашиот душек му недостасува цврстина и удобност.

Исто така, ако го делите креветот со партнер и ако можете да го почувствувате него/неа како се движи во текот на ноќта, вие би требало да размислите да го замените вашиот душек, бидејќи ова е индикација дека му недостасува отпорност и поддршка.

НИЕ АПСОЛУТНО ГИ ОБОЖАВАМЕ ОВИЕ МЕСТА ВО ВАШИОТ ДОМ…

Ние се множиме во услови на голема влажност и топли температури. Душеците, каучите и теписите се како магнети за прашинските грини.

Факт #3
4

Не одговара на вашите потреби

Една третина од вашиот живот го минувате во кревет, но не сте истата личност сето ова време, зарем не? Како што одминуваат деновите и ноќите вие се менувате… можеби сте добиле или изгубиле неколку кг. можеби сте имале повреда или операција, можеби имате некоја состојба како артритис, можеби сте почнале да спиете заедно со сопругата и можеби вие сте неколку години постари. Поради било која причина... вашите тела се менуваат и вашиот душек може едноставно да не ја нуди удобноста и поддршката за овие промени. Можеби е време да се продолжи понатаму.

 
5

Имате лоши навики пред спиење

Ние не ве нарекуваме сноб, но велиме дека имате некои навики кои се нехигиенски за вашиот душек и се нездрави за вас.

О ДА, НИЕ НАВИСТИНА САКАМЕ ДА ГО ПРАВИМЕ ОВА

Ние се размножуваме многу брзо. Женката може да донесе преку 100 јајца месечно за време на нејзиниот краток животен век од 2-3 месеци.

Факт #4

ЖАЛ НИ Е, НО НИЕ НЕ МИСЛИМЕ НА ВАС

Вистинската закана е тоа што го оставаме зад нас... нашиот измет. Една прашинска грина може да излачи преку 20 парчиња измет дневно. И тие парчиња можат да предизвикаат напади на алергии и астма.

Факт #5

АКО

  • вашите миленичиња спијат со вас
  • Спиете голи
  • Јадете во кревет
  • Не се туширате пред да одите на спиење
  • Не ги менувате често вашите чаршави и постелнина

Тогаш веројатно морате да го замените вашиот душек.

Замената на вашиот душек може за многу кратко време да го поправи вашиот сон, секојдневната продуктивност, и севкупното здравје. Проверете го нашиот избор на душеци и изберете го тоа што најмногу ви одговара.

  • Дали разговарате со перницата или се борите со неа?

    Дали знаете дека 5 годишната перница содржи околу 2 милиони прашински грини? Тоа е колку популацијата на една мала држава како што е Словенија.

    Ако вашата перница не ви ја овозможува поддршката која ви е потребна и имате борба со неа секоја вечер за да ја најдете совршената позиција за главата и вратот, тогаш е потребно да го замените.

  • Летвички - срцето на секој душек

    Летвичките под душекот ја подобруваат циркулацијата на воздух на душекот, свежината и како последица од тоа, го продолжуваат животниот век.

    Тие исто така го распоредуваат притисокот па така ви овозможуваат подобра удобност па дури и ја подобруваат циркулацијата на крвта. Ако земете предвид дека срцето пумпа околу 7500 литри крв секој ден, тогаш летвичките ќе бидат поблиски до нашето срце.

  • Извори
  • Wechsler, C. J. et. al. (2011).Squalene and Cholesterol in Dust from Danish Homes and Daycare Centers. Environmental Science & Technology 2011 45 (9), 3872-3879.
  • Entomology. (2000). Ohio State University Extension Fact Sheet.
  • Aminoff, M. J., Boller, F., & Swaab, D. (2011). We spend about one-third of our life either sleeping or attempting to do so. Handbook of Clinical Neurology, 98(VII).
  • Banana consumption in the EU, imports and production. (2018). European commision report.
  • McArdle ,William D., Katch, Frank L. & Katch, Victor L. (2001). Exercise Physiology: Nutrition, Energy, and Human Performance.
  • Wechsler, C. J. et. al. (2011).Squalene and Cholesterol in Dust from Danish Homes and Daycare Centers. Environmental Science & Technology 2011 45 (9), 3872-3879.
  • Entomology. (2000). Ohio State University Extension Fact Sheet.
  • Population (demography, migration and projections). 2019. Eurostat report.
  • Schei, M. A., Hessen, J. O. & Lund, E. (2002). House-dust mites and mattresses. European Journal of Allergy and Clinical Immunology, 57(6).
  • Topol EJ (ed). Textbook of Cardiovascular Medicine (1998), Philadelphia: Lippincott-Raven.