КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

5 природни лекови за главоболка

Кога сте соочени со главоболка, првото нешто што сакате да го направите е да посегнете во кутијата со лекови. Но, постојат и подобри начини за справување со главоболки, кои се потполно природни и нема да ве чинат ниту денар.

Кога сте соочени со главоболка, првото нешто што сакате да го направите е да посегнете во кутијата со лекови. Но, постојат и подобри начини за справување со главоболки, кои се потполно природни и нема да ве чинат ниту денар.

Изладете се

Одредени видови главоболки, особено мигрени, одлично реагираат на третмани со мраз. Земете мала ќеса со мраз или кутија смрзнат зеленчук и завиткајте ја во сува крпа. Потоа нанесете ја на челото и слепоочниците. Држете го мразот на главата до 15 минути, а потоа направете пауза од 15 минути.

Загрејте се

И топлината може да има лековито дејство кога станува збор за главоболки. Ова е особено точно за главоболките кои се предизвикани од напнатоста на мускулите во вратот и скалпот. Наполнете термофор со топла вода и ставете го на вратот и задниот дел од главата. Потоа влезете под туш и пуштете топла вода да тече на задната страна од главата, вратот и грбот. Внимавајте водата да не биде многу жешка, за да не почувствувате непријатност или да си нанесете изгореници на кожата.

Масажа

Добрата, релаксирачка масажа може да ви помогне при намалување на главоболката. Со врвовите од прстите протријте го задниот дел од вратот, слепоочниците, скалпот и рамената. Напнатоста во овие делови од телото може да придонесува за симптомите на главоболката. Ако сте во можност, замолете некој да ве измасира, за да добиете подобри резултати.

Наспијте се

Спиењето, речиси без исклучок, е одличен начин да прекинете главоболка или во најмала рака да ги намалите симптомите по будењето. Ова особено важи за луѓето кои страдаат од мигрени. Најдете тивко место на кое ќе можете да легнете, да ја затемните просторијата и да се опуштите. Ако не можете да заспиете, одморете во мрак и тишина.

Техники за опуштање

Стресот и анксиозноста се двата најголеми фактори кои придонесуваат за хронични главоболки. Со добри техники за опуштање ќе можете да ги намалите симптомите и со текот на времето сосема да се ослободите од главоболката: -Легнете на грб, во темна и тивка просторија. Стегнете ги мускулите во стапалата, а потоа опуштете ги. Истото направете го со мускулите во потколеницата, потоа колковите и нагоре, сѐ до главата. -Седејќи во удобна положба или пак лежејќи, затворете ги очите и замислете си дека се наоѓате во мирно опкружување, како топла ливата или напуштена плажа. Замислете како тивкото ветре ве гали по кожата, а пријатните мириси ве потопуваат... Кога се потпирате на имагинацијата, дишете длабоко и чувствувајте ги здивовите како влегуваат и излегуваат од вашето тело.