КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

5 работи кои треба да ги знаете при селење

Селењето во нов стан претставува ново искуство со многу можности, но за жал секогаш иницира и голем број на нервози и стрес. Ако се обидете да ги предвидите работите пред да се случат, ќе избегнете голем број од проблемите.

Селењето во нов стан претставува ново искуство со многу можности, но за жал секогаш иницира и голем број на нервози и стрес. Ако се обидете да ги предвидите работите пред да се случат, ќе избегнете голем број од проблемите.

Начин на живот

Осигурајте се дека вашиот начин на живот е добредојден пред да го потпишете договорот за новиот дом. Доколку сакате да седите до доцна во ноќта, а на вашиот сосед му пречат вашите чекори во 3 часот наутро – тогаш оваа информација е нешто што треба однапред да го знаете. Ако уживате во друштвото на пријателите и добрата музика, тогаш треба да се преселите на место на кое забавата е дозволена. Консултирајте се со соседите или со претставниците од агенцијата која посредува во вашето наоѓање на нов стан во врска со атмосферата во зградата пред конечно да одлучите.

Проверете ја електричната инсталација

Пред да се преселите, проверете дали вашиот стан има штекери со приземјување во секоја соба. Ова многу лесно може да се заборави, но навистина делува фрустрирачки ако се вселите во нов стан и видите дека не можете компјутерот да го приклучите во дневната соба како што ви била замислата. Ако проверите пред да се вселите, ќе имате можност тоа да го исправите.

Разгледајте ја околината

Бидејќи ова ќе биде вашиот нов дом, разгледајте убаво што има во близина: кафулиња, ресторани, паркови, супермаркети, продавници и др.

Пријавете ги проблемите

Слободно пријавете ги сите проблеми кои ќе ги забележите како што се, неисправни електрични апарати, мувла или пукнатини во ѕидот и таванот.

Опремете го станот бесплатно

Доколку се селите во стан и сеуште немате доволно работи за да го уредите, не мора да значи дека треба да купувате нови. Вашиот стан можете да го наполните за многу малку пари или пак воопшто и да не трошите. Прашајте ги членовите на вашето семејство и пријателите дали имаат мебел или некои други работи кои веќе не им се допаѓаат и не планираат да ги користат. Убави работи по многу ниски цени можете да најдете и на распродажби на користени работи. Дополнително, не мора да набавите се наеднаш. Почнете од неопходните работи. Најважно е да го уредите вашиот стан на начин кој навистина ќе ви се допаѓа и да создадете атмосфера во која ќе уживате.