КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

5 супер корисни зачини

Зачините не се користат само за подобрување на вкусот. Голем дел од зачините имаат важни здравствени карактеристики, кои ако правилно се искомбинираат можат да имаат исклучително позитивни ефекти врз човечкото тело.

Зачините не се користат само за подобрување на вкусот. Голем дел од зачините имаат важни здравствени карактеристики, кои ако правилно се искомбинираат можат да имаат исклучително позитивни ефекти врз човечкото тело.

Цимет

Циметот е еден од најпознатите зачини, кој најчесто се користи за слатки и десерти. Циметот е еден од најстарите зачини застапени во исхраната. Содржи бројни антиоксиданси, кои спречуваат оскидација на клетките и нѐ заштитуваат од одредени видови рак, но и од Алцхајмерова болест, како и други болести поврзани со мутација на клетките. Циметот, исто така го стимулира излачувањето на инсулин, со што се снижува нивото на шеќер во крвта и се спречува развојот на дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Куркума

Користењето на овој зачин датира од древна Индија, каде што се користел за подобрување на дигестијата, прочистување на крвта, прочистување на уринарниот тракт, лечење на раните и намалување на холестеролот во крвта. Исто како циметот, куркумата е многу моќен антиоксиданс. Одредени нутриционисти веруваат дека моќноста е за 50% повисока отколку кај циметот. Куркумата има и антивоспалителни својства и нема нус-појави, освен ако сте алергични.

Мајчина душичка

Мајчината душичка се користи во кујната поради пријатната арома. Многумина ја додаваат во специјалитетите, бидејќи има многу пријатна арома. Сепак, најважното нешто за овој зачин е антимикробниот агенс што го содржи. Истражувањата покажаа дека екстрактите од мајчина душика можат да излечат бактериски инфекции, особено оние предизвикани од ешерихија коли. Мајчината душичка, исто така, ја подобрува дигестијата и спречува појава на гасовите, кои се должат на проблемите со дебелото црево.

Рузмарин

Рузмаринот е запишан како значаен зачин уште кај античките Грци. Уште оттогаш, во грчката кујна се користи во речиси секое јадење. Денес е популарен поради извонредниот вкус и мирис, како и поради лековитите својства. Рузмаринот ги заштитува мозочните клетки од слободни радикали и го намалува ризикот од мозочен удар и Алцхајмерова болест.

Шафран

Шафранот е најпопуларен на Блискиот Исток, каде што се наоѓаат и најголемите плантажи. Можеби најважното својство на овој зачин е неговиот ефект како антидепресант. Покрај тоа, шафранот ја стимулира циркулацијата во мозокот и ја зголемува концентрацијата, подобрувајќи ги когнитивните способности.