КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

7 начини за преживување мамурлак

Не постои човек што барем еднаш не се соочил со мамурлак, иако сите ги знаеме последиците уште пред да посегнеме по првата чашка алкохол. Откако мамурлакот ќе дојде, веќе не треба да мислиме на причините, туку како да се справиме со последиците.

Не постои човек што барем еднаш не се соочил со мамурлак, иако сите ги знаеме последиците уште пред да посегнеме по првата чашка алкохол. Откако мамурлакот ќе дојде, веќе не треба да мислиме на причините, туку како да се справиме со последиците.

1. Не пијте буре вода

Сите знаеме дека главната причина за мачнината при мамурлакот е дехидрацијата. Но, доколку утрото по пијанството започнете да пиете масовни количини вода, тогаш само ќе го развлечете желудникот кој веќе е иритиран. Тоа сигурно ќе предизвика мачнина и повраќање. Наместо тоа, пијте по 2 чаши вода на секој час, за постепено да ги вратите течностите.

2. Правилни апчиња за болки

По пијанството ќе се соочите со главоболки. Она што не треба да го направите е да испиете апчиња против болки што содржат ацетаминофен (тиленол) бидејќи оваа супстанца, исто како и алкохолот, се метаболизира во црниот дроб и оптоварувањето може да доведе до оштетување на овој витален орган или недоволна апсорпција на отровите, што ќе доведе до труење на крвта.

3. Спортски пијалак

Посегнете по некој спортски пијалак збогатен со електролити. Овие пијалаци содржат сол, што ќе му помогне на вашето тело побргу да ги апсорбира и исфрли непотребните течности.

4. Сварете чај – но не го пијте!

Варете неколку кесички чај (камилица или зелен чај) од 3 до 5 минути. Оставете ги да се изладат, легнете и ставете по една кесичка на секое око. Лежете така 5 до 15 минути. Танините содржани во чајот ќе ви помогнат при стеснувањето на крвните садови, со што полесно ќе ги намалите отоците на очите.

5. Овес за појадок     

Кога на студенти со мамурлак им биле сервирани појадоци составени во најголема мера од јаглехидрати кои бавно се варат, како што е на пример овесот, тие имале подобро расположение и покажале подобри резултати на тестовите за меморија, отколку оние студенти на кои им биле сервирани обични шеќери.

6. Кафе

Кофеинот од кафето ќе ја зголеми будноста и ќе ги опушти проширените крвни садови во мозокот. Но, не внесувајте повеќе од една или две шолји, за да не предизвикате дополнителна дехидрација.

7. Активирајте се

За да престанете да мислите на мамурлакот, мора да се активирате. Без разлика дали тоа ќе значи собирање на украсите од Нова година или пак вежбање, важно е да правите нешто. За неколку минути веќе ќе се чувствувате подобро.