КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Повторно отворена - апликација за Дормео спијач

Барате работа? Дормео повторно го отвора конкурсот за Дормео Спијач и ПЛУС го продолжува дури до 06ти април.  Ако сте во потрага по работата од соништата, пријавете се и заработете 1.000 евра за само еден ден работа во кој буквално само ќе СПИЕТЕ!

Ако сте професионален дремач и сто пати му правите „снуз“ на алармот наутро, Дормео ви нуди работа во која навистина ќе уживате.

Најубавото е што сега кога препорачуваме сите да останете дома, имате доволно време да се извежбате и подготвите за ова работно место.

Станете Дормео Спијач и заработете 1.000 евра за само еден ден работа, односно спиење!

Како да се пријавите

Апликацијата можете да ја најдете тука. Ќе ви одземе помалку од минута за да ја пополните, а со тоа сте веќе потенцијален спијач.

Што се очекува од кандидатот што ќе биде избран?

Од  Дормео спијачот се очекува само да поседува удобни пижами и вроден талент за спиење. Зборувајте ни за лесно работно место....

Да потсетиме дека Дормео Спијачот ќе биде ангажиран откако ќе заврши ситуацијата со вирусот, за што навремено ќе биде информиран. А до тогаш може колку сака да вежба спиење по дома.

Со овој брз начин на живот, често забораваме колку е важно добро да се наспиеме. Затоа, Дормео ве потсетува на тоа и ве повикува да се пријавите и да го одбележите почетокот на својата кариера на најдобар можен начин - спиејќи!

Пријавете се ВЕДНАШ!