КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Бидете креативни и подарете им нешто убаво на најблиските

Дали секоја година се мачите при изборот на новогодишни подароци за најблиските? Можеби немате доволно средства или пак едноставно сакате да подарите и дел од себе со подарокот?

Дали секоја година се мачите при изборот на новогодишни подароци за најблиските? Можеби немате доволно средства или пак едноставно сакате да подарите и дел од себе со подарокот? Ако се решите сами да направите подароци, тогаш ќе можете да ги откриете своите скриени таленти, а воедно и да ги направите своите најблиски многу среќни.

Тегла со колачиња

Понекогаш доаѓаат моменти кога мора да каснеме нешто слатко по секоја цена. Можете да им го решите проблемот на најблиските подарувајќи им тегла со колачиња. Но овојпат, колачињата ќе бидат малку поинакви. Земете голема тегла (во која сте купиле кисели краставички), панделка за декорација, состојките за колачињата и лист хартија на кој ќе ги запишете состојките. Во теглата истурете ги состојките во слоеви: две шолји брашно, една кафена лажица сол, една кафена лажица прашок за печиво, половина шолја кафеав шеќер, половина шолја бел шеќер и чоколадни парченца на врвот. Запишете ги инструкциите на листот хартија: Загрејте ја рерната на 175 степени. Со блендер изматете една шолја смекнат путер или маргарин, едно јајце и лажичка ванила. Додајте ја смесата што се наоѓа во теглата, добро измешајте и оформете ги колачињата врз хартија за печење. Печете ги од 8 до 10 минути.

Маичка со спомени

Овој подарок е идеален за кругот на семејството. Можете да го приготвувате заедно со децата, а гарантирано е дека сите ќе се забавуваат. Изработката е навистина едноставна. Потребна ви е една бела маичка, текстилни бои и многу стари весници за да не создадете неред. Поставете ја маичката на подот, исправете ја добро и потоа ставете ги различни бои во садови. Сите членови на семејството нека ги натопат дланките и стапалата во својата боја и нека остават отпечаток. Само внимавајте бојата да не биде премногу јака за детската кожа.

Книга со купони

Книгата со купони е одличен подарок за вашата најблиска личност, бидејќи единствениот трошок ќе ви биде хартијата и боичките. Се работи за гест од срце, со кој сигурно ќе го направите својот партнер (или некој друг) среќен. Купоните можат да бидат за најразлични услуги, како на пример: секси масажа, посета на спортски натпревар, приготвување на омилениот оброк, стриптиз, фантазија по избор, појадок во кревет, посета на спа центар итн. Креативноста искористете ја за оформување и декорирање на купоните.

Специјален чајник

Дали некој од вашите најблиски е љубител на кафе или чај? Тогаш, зошто да не му направите специјален чајник? Купете најобичен бел чајник и бои за керамика. Можете да нацртате или да напишете нешто на чајникот (во зависност од вашите таленти). Исто така, можете да искористите и најобичен перманентен маркер, бидејќи е поевтин.