- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Како душекот влијае врз квалитетот на сонот на луѓето со болки во грбот и кои се најдобрите душек и перница за тие луѓе? На што треба да посветат особено внимание за да си го подобрат спиењето колку што е можно повеќе? Прочитајте како да го одберете правилниот душек.
Најважно е да полежите малку на душекот што сте го одбрале. Само на овој начин ќе можете да знаете дали тој Ви е удобен. Токму затоа многу продавници за душеци нудат тестирање на лице место. Дормео душеците можете да ги тестирате и до 30 дена, а ако не сте задоволни едноставно можете да ги вратите.
Во минатото, на пациентите кои страдале од болки во грбот и вратот им се препорачувало да спијат на тврди душеци. Денес, докторите препорачуваат душеци кои не се премногу меки, а обезбедуваат и максимална удобност и ја намалуваат болката колку што е можно. Не заборавајте: Дормео селекторот може да Ви помогне да го изберете совршниот душек за Вас, имајќи ги предвид положбата во којашто спиете, типот на болка што Ве мачи, како и материјалите што ги претпочитате и тврдоста / мекоста на душекот.
Треба да одберете перница пониска од онаа на којашто сега спиете, перница што ќе биде приспособена на кривата на ’рбетот. Каква перница и да одберете, прво треба да ја тестирате, за да бидете сигурни дека ќе Ви одговара. Дормео Ви ја препорачува анатомската Memosan перница со три слоја, којашто овозможува приспособување на височината според потребите. Перницата е целосно наполнета со мемори пена, што значи дека совршено се приспособува на формата на вратот и главата.
Ако често спиете на грб, бидете сигурни дека лежите на подлога што одговара на формата на ’рбетот. Исто така е здраво да се спие на стомак. Ако имате тврд душек, спиење на страна може да биде непријатно за колковите, но повремено спиење на страна може да помогне во намалување на проблемите со болките во грбот, вратот и нозете. Доколку нозете се свиткани, притисокот врз нервите се намалува, а со тоа и болката.
За да спиете добро, потребна Ви е редовна физикална терапија или пак тренинзи, за да ги зацврстите грбните и стомачните мускули. Вежбите можете да ги научите во клиниките за физикална терапија или во бањите.
Докторите препорачуваат утрински вежби, иако е подеднакво корисно доколку ги изведувате и во кој било друг дел од денот. Оптимално би било доколку можете да одвоите 20 минути наутро и 20 минути попладне. Вежбите за луѓето што страдаат од болки во ’рбетот се специјални. Постојат многу книги со овие вежби, а тие можат да се најдат и онлајн. Во случај на посериозни проблеми, мора да се консултирате со ортопед.