КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Заштитете ги своите деца за време на празниците

За време на новогодишните и божиќните празниците се случуваат многу нешта, постојано брзате да направите нешто или да отидете некаде и лесно може да се случи да заборавите некои важни детали. За да сте сигурни дека соодветно ќе ги заштитите своите деца, посветете внимание на следниве нешта.

За време на новогодишните и божиќните празниците се случуваат многу нешта, постојано брзате да направите нешто или да отидете некаде и лесно може да се случи да заборавите некои важни детали. За да сте сигурни дека соодветно ќе ги заштитите своите деца, посветете внимание на следниве нешта.

Играчки

Кога купувате играчки за децата, внимавајте тие да се означени за нивната возраст и да не содржат ситни делови, доколку имате помали деца. Пред да им дозволите да си играат со играчките што ги добиле како подарок од некој друг, внимателно прочитајте ги инструкциите. За да спречите струен удар или изгореници, ако вашите деца се под 10 годишна возраст, не им купувајте играчки што се вклучуваат во електричната мрежа, туку играчки на батерии. Не им дозволувајте на децата да си играат со балони, ако се помлади од 8 години, бидејќи можат да се повредат или пак да голтнат дел од пукнат балон. Извадете ги панделките и врквите од подароците, пред да им ги дадете на децата. Исто така, држете ги играчките од постарите деца понастрана од помладите деца.

Храна

Суровата храна може да изобилува со бактерии доколку не била правилно чувана. Затоа, добро згответе го месото и темелно измијте ги зеленчукот и овошјето пред да ги послужите или да ги користите за готвење. Жешките течности и жешката храна треба да ги чувате колку што е можно подалеку од работ на работната маса или кое било друго место каде што можат да бидат дофатени од малите деца. Бидете сигурни дека децата не можат да ги дофатат микробрановите печки. Кога готвите во тави или тенџериња, на предниот дел од шпоретот, рачките вртете ги кон задната страна на шпоретот, за да не можат да бидат дофатени од децата. Често мијте ги рацете и терајте ги децата да го прават истото. Храната што треба да се чува во фрижидер не треба да ја чувате на собна температура подолго од 2 часа. Па, доколку приготвувате шведска маса за вашите гости, наместете ги садовите колку што можете подоцна.

Гости

Кога одите на гости, имајте на ум дека нивниот дом можеби не е соодветно обезбеден за деца. Внимавајте на опасните точки, како што се: незаклучени плакари, оставени чанти, скали, радијатори или производи за чистење до кои децата можат да пристапат. Исто така, имајте на ум дека долгите патувања, постојаното купување, разменувањето подароци итн., може да предизвика многу стрес кај децата. Затоа, колку што е возможно, трудете се да се држите блиску до редовните навики на вашето дете, особено внимавајќи на времето на легнување и попладневните дремки.