КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Добар сон за да се чувствувате подобро

Една третина од нашиот живот го поминуваме во кревет, па затоа е многу важно да ни биде удобно. Сигурно посветувате многу време за да го одберете вистинскиот душек за вас, но кога станува збор за перницата можеби не посветувате доволно внимание. Ќе се изненадите ако знаете колку е важна перницата за нашата благосостојба и здравје. Дознајте како перницата може да ви помогне.

Една третина од нашиот живот го поминуваме во кревет, па затоа е многу важно да ни биде удобно. Сигурно посветувате многу време за да го одберете вистинскиот душек за вас, но кога станува збор за перницата можеби не посветувате доволно внимание. Ќе се изненадите ако знаете колку е важна перницата за нашата благосостојба и здравје. Дознајте како перницата може да ви помогне.

Перницата го намалува стресот

Можеби звучи чудно, но е вистинито – меката перница на која може да се опуштите и релаксирате ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да го подобрите квалитетот на вашиот живот. Помалку стрес не само што ќе ви го подобри расположението туку и  ќе бидете поздрави. Дали се чувствувате безбедно и среќно во вашиот кревет? Можеби не обрнувате многу внимание, но ќе бидете изненадени ако знаете колку е тоа важно. Креветот треба да биде вашиот мал рај, место за одмор и релаксација и секоја ноќ треба да се одморите и да ги наполните батериите за денот што следи.

Перницата може да ви помогне да се ослободите од болките во грбот, вратот и главата

Бидејќи многу време поминуваме во кревет, многу е важно да лежиме во правилна положба. Дали чувствувате многу болка во вратот и грбот? Понекогаш болката може да биде предизвикана од положбата на телото во текот на денот , но вината се наоѓа во лошата положба за спиење. Најдете ја вистинската перница која ќе им даде соодветна поддршка на вратот и на рамената и ќе почувствувате драстични промени во вашиот живот – само замислете дека секое утро се будите без непријатно чувство и болки во вратот.

Перницата исто така  помага да ги намалите симптомите на алергии

Дали страдате од алергии? Кашлање, кивање, недостаток на воздух, растечен нос и солзи може да се симптоми на алергија. Ако често ги имате овие проблеми во текот на ноќта, вашата перница може да биде виновна за тоа, но исто така може да биде и решение. Новите, хипоалергени перници ќе ви помогнат во борбата против алергените кои често се наоѓаат во перницата и креветот.

Перницата ќе ви помогне да спиете подобро

Ако страдате од несоница или имате други проблеми со спиењето, тогаш нова перница може да биде совршено решение. Постоја многу проблеми кои може да се решат со вистинската перница. Можеби вашата стара перница не е доволно удобна и не можете да ја најдете соодветната положба за спиење. Можеби формата на вашата перница не ги задоволува потребите на вашето тело и не одговара на положбата во која спиете. Можеби е премногу стара и полна со прашински грини кои го нарушуваат вашиот сон.

Перницата може да ви помогне да се справите температурата

Дали често се будите навечер и ви е премногу топло или премногу ладно? Причината за овој проблем може секогаш е температурата која се менува во однос на сезоната, но дел од проблемот се наоѓа и во перницата или попрецизно во нејзината способност да ја регулира температурата додека спиете. Модерните перници може да ви помогнат да го решите овој проблем. Некои материјали имаат способност за подобра терморегулација во однос на други перници и ако во текот на ноќта се будите бидејќи ви е премногу ладно или премногу топло може да пробате и да купите перница направена од материјали кои имаат способност да ја регулираат температурата, а вашиот сон ќе биде поудобен од кога и да е.