КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Да ги славиме убавите моменти и да создаваме нови спомени со најмилите!

Дормео бувчињата се едни од најмилите, најдружељубивите и најмеките пријателчиња на вашите деца.

Знаејќи дека зимскиот распуст за сите нив е радост, уживање и време за игра и истражување, во текот на цел јануари организираме натпревар токму со најсаканите другари - Дормео бувчињата.

До крајот на јануари 2024 испраќајте ни фотографии од миговите поминати со Дормео бувчињата од сите слатки, смешни, симпатични и луди мигови и дружби.

Студио Модерна дооел Скопје, со адреса Костурски херои бр.38 , 1000 Скопје е организатор на Дормео натпревар (во понатамошниот текст “организатор”), каде корисникот (“учесникот”) на www.dormeo-natprevar.mk (“интернет страницата”) може да испрати фотографија од своето дете и да учествува во изборот. Со испраќањето на фотографијата и со пријавата за изборот, учесникот се согласува со условите и правилата.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?

Секој, полнолетен граѓанин на Р. Македонија може да испрати фотографија со која ќе учествува во изборот,  доколку е родител/старател на детето на фотографијата.

Фотографијата од едно дете може да учествува само еднаш во изборот. Едно дете може само еднаш да учествува во изборот. Повеќекратни пријави со исто дете/ иста фотографија од иста e-mail адреса нема да бидат прифатени.

КОИ ИНФОРМАЦИИ СЕ ПОТРЕБНИ?

Во пријавата, пријавениот треба да ги наведе следниве информации:

Име и презиме, тел. број, град, возраст и email адреса, фотографија на која треба да биде дете.

Дадените податоци ќе бидат именувани како информации во понатамошниот текст.

ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРГАНИЗАТОРОТ СО ОВИЕ ИНФОРМАЦИИ?

Организаторот прво ќе ги прегледа сите испратени фотографии пристигнати за времетраењето на пријавувањето (до 31ви јануари) со цел да спречи несоодветна содржина. Сите фотографии кои ќе ги исполнуваат условите, ќе влезат во процесот на гласањето (1ви до 11ти февруари). Одговорни за регуларноста на пријавувањето и текот на изборот се членовите на жири комисијата, во состав:

  • Анета Мркева – претседател на жири комисија
  • Томе Димитриевски – член
  • Даниел Брзанов - член

Може да се гласа само од една email адреса, максимум 4 различни од 1 IP адреса. Доколку бидат забележани неправилности, учесникот ќе биде дисквалификуван.

Организаторот го има правото да ги чува, обработува и користи информациите за целите на подарувањето и за маркетинг кампањите на Студио Модерна.

Фотографиите ќе бидат објавени на страницата и на социјалните медиуми на Организаторот, како и на останатите медиумски формати на Организаторот. Пријавениот се согласува Организаторот да ја користи добиена фотографија без територијално или временско ограничување.

Со учеството, Пријавениот се согласува неговите/нејзините лични податоци да бидат чувани од страна на Организаторот Студио Модерна д.о.о.е.л. Скопје, и да ги користи за статистичка обработка, истражување на пазарот , како и контактирање по пат на писма, телефон или екетронски комуникации (Вибеер и Емаил пораки) со цел известување за маркетинг активности и промоции.

Оваа согласност се дава на неопределено време или до евентуално отповикување. Отповикувањето Ви овозможува да истапите од базата на податоци, и во тој случај истите нема да бидат повеќе обработувани. Отповикувањето можете да го направите на едноставен начин со ипраќање на отповикувањето  во писмена форма на нашата адреса: . ул Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, или на емаил info@dormeo.com.mk.

Во секоја емаил порака имате и копче до линкот за одјавување од е-маил листата на Студио Модерна.

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ?

Организаторот не е одговорен за точноста на информациите, како и за нивното објавување од трети лица на социјални мрежи или други страници.

Условите и правилата за изборот почнуваат да важат од денот на нивното објавување. Организаторот го задржува правото да ги измени овие правила во било кое време, без претходно известување. Студио Модерна ниту ќе ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот. Вработените во Студио Модерна се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ ТРАЕ ИЗБОРОТ?

Пријавувањето ќе трае до 31ви јануари. На 1ви февруари ќе започне гласањето за накреативната фотографија и ќе трае до 11ти февруари.  По проверката на валидноста на гласовите, 5те фотографии со најмногу гласови ќе добијат по 1 големо Дормео бувче по избор и истите ќе бидат објавени на страницата и на социјалните медиуми на Дормео. Победниците ќе бидат известени на емаил адресата која ја оставиле при пријавата. Дополнително, 10 гласачи, избрани по случаен избор ќе добијат по едно Мини Бувче по случаен избор. Добитниците ќе бидат известени на емаил адресата.

Сепак, Организаторот го задржува правото да ja измени листата со подароци, да го смени времетраењето или ја откаже кампањата во било кое време.

Доколку имате дополнителни прашања, пишете ни на info@dormeo.com.mk

Скопје, 2024

Студио Модерна