КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Идеален пролетен пикник

Топлите пролетни денови не примамуваат да излеземе на свеж воздух и да уживаме во природата. Без оглед на тоа каде ќе се одлучите да го направите пикникот, ние ви нудиме неколку совети како тој да биде совршено организиран.

Подготовки за идеалниот пикник

Постојат неколку фактори кои се клучни за (не)успехот на вашиот пикник:

Проверете ја временската прогноза

Доколку организирате пикник во вашата градина, тогаш времето и не е толку важно бидејќи во секое време можете да влезете дома. Меѓутоа, ако настанот е замислен во природа, тогаш дождот дефинитивно ќе ви ја уништи атмосферата.

Најдете го идеалното место за пикник.

Повторно, доколку пикникот го организирате дома, ова секако дека не ви е проблем, но за во природа постојат неколку работи на кои треба да мислите. Прво видете дали има место кое е доволно суво за да можете на него да седнете. Доколку нема тогаш понесете си подебело ќебе или неколку столчиња. Второ, не ги заборавајте чиниите и приборот. Доколку не сакате потоа да се мачите со миење и средување, купете пластични и потоа фрлете ги.

Поделете ја работата

Пикниците треба да бидат забавни и пријатно, па затоа поделете ги обврските со целото друштво. Еден нека биде задолжен за подготовка на салатата, друг за месото, трет за поставување на масата, итн. истото важи за работите кои треба да ги донесете: еден може да донесе маса, друг столчиња, трет прибор, итн.

Вкусна храна

Најзабавно и највкусно решение е секако скарата, но доколку на местото кое што сте го одбрале нема услови за тоа, тогаш ќе се задоволите и со домашни сендвичи и грицки.

Месо на скара

Скарата е нешто што едноставно мора да се има на секој пикник. Можете да подготвите стекови, ќебапчиња, колбаси, риба и многу друго. Задолжително обезбедете и доволно леб и кромид, како и сенф, кечап и мајонез.

Зеленчук

На скара можете многу лесно да подготвите и зеленчук – само исечете го и ставете го на скарата да се потпече.

Сендвичи и канапеи

Сендвичи и канапеи се, исто така, совршен избор за пикник во природа, особено доколку немате услови за скара.

Најзабавни активности за вашиот пикник

Под пикник не се подразбира седење и јадење, туку тоа е можност да поминете време на чист воздух во природа. Спортските активности се одличен начин да го направите денот поинтересен, да согорите калории и да се вратите дома изморени но и освежени.

Игри со топка

Можете да играте фудбал или одбојка, а интересно би било и да организирате мини турнир за да биде повозбудливо.

Фризби

Искористете го отворениот простор и забавувајте се со фризбито. Доколку сте почетници, еве можност да се усовршите.

Криенка

Криенката дефинитивно ги задоволува потребите за забава на секоја генерација. Вратете се во детството и уживајте.