КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да се справите со стресот пред спиење?

Анксиозноста и стресот се најчестите проблеми во последно време и поразувачки е фактот дека младите луѓе сè почесто страдаат од овие проблеми. Кога станува збор за анксиозноста и стресот, најранливиот аспект од животот е спиењето.

Нарушувањата на сонот се чести проблеми кои имаат големо влијание врз моменталната ментална состојба. Во секој случај, треба да ги третирате и проблемите со спиењето и анксиозноста и да не дозволите да станат дел од вашиот животен стил.

Што е прво?

Поврзаноста помеѓу овие два проблеми е двонасочна. Проблемите со спиењето можат да доведат до анксиозност и други посериозни болести, додека анксиозноста може да доведе до нарушувања во спиењето. Ако сакате да го решите проблемот, тогаш треба да ги третирате двете во исто време. Имено, третманот нема да покаже резултати ако само го третирате нарушувањето на сонот, а анксиозноста остане нетретирана.

Ова може само да го пролонгира проблемот и нема да можете да се препознаете. Постојаното нарушување на сонот ќе ви го одземе фокусот од најважните работи и може да предизвика повреда која ќе можеше да се избегне ако немавте проблеми со спиењето.

Како да си помогнете?

Ако се мачите и со двата проблеми доволно долго, тогаш дефинитивно треба да побарате специјалист и терапија за двата проблеми. Тие ќе ви препорачаат лекарства, терапија или комбинација од двете, но, постојат различни начини за третирање на овие проблеми. Едниот е медитација за одржување на мирот на умот кој е полн со милиони мисли во секунда, а другиот е бихејвиорална терапијакоја може да помогне со анксиозното размислување.

Движете се

Вежбањето ќе ви помогне да се справите со нарушувањата на сонот, но, и со анксиозноста. Треба да го вклучите вежбањето во распоредот и да се држите до тоа. Утринскиот тренинг е најдобриот начин да го разбудите умот со позитивно расположение.

Создајте своја средина

Температура, осветлување, материјал на пижамите, квалитетен душек и перници – сето ова е дел од вашата спална соба. Држете се до тоа што најдобро функционира и вашата околина ќе ви помогне побрзо да заспиете.

Без алкохол и кофеин пред спиење

Кофеинот го буди умот а алкохолот го дехидрира телото. И двете се лоши за спиењето и треба да ги избегнувае пред спиење. Можее да пиее кафе наутро и да го оставие алкохолот за посебни прилики.