КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Дали треба да му дозволите на вашето милениче да спие во вашиот кревет

Се повеќе и повеќе станува се популарно да се дели креветот со вашето куче или мачка. Без разлика дали е во ред да се спие со нашите миленичиња или не, окружени сме со научно неслагање. Поради тоа дали би требало да им дозволуваме на нашите миленичиња да се качуваат на нашиот кревет? Што се случува со хигиената при спиење?

Скоро половината од сопствениците на кучиња спијат заедно со нивните кучиња

Една неодманешна анкета открила дека околу половина од сопствениците на кучиња им дозволуваат на нивните кучиња да спијат на креветот заедно со нив. Овие денови, за повеќето луѓе, да се има куче во креветот нуди психолошки комфор. Според проучувањата на спиењето, да се има милениче во креветот може да има позитивен ефект врз квалитетот на вашиот сон.

Спиењето заедно со кучињата има свои корени во древните времиња

Има аргументи и за и против хигиената кога се дели креветот со вашето милениче/ Иако спиењето со вашата мачка или куче може да наликува дека е модерен феномен, во реалност тоа не е ништо ново. Во старо време, многумина имале обичај да спијат понекогаш со нив, особено во зима. Исто така во многу други култури тие делеле места за спиење со луѓето и ги предупредувале кога се приближувале грабливци, па дури и се привиткувале крај нивните сопственици и ги грееле. Без нив луѓето морале да се соочат сами со студената зима. Многу богати, славни и моќни луѓе им дозволувале привилегии на животните и да спијат на нивните кревети. Според информациите кои можат да се најдат во гробницата на фараонот Рамзес Велики, знаеме дека тој имал куче кое се викало Пахатес кому му била дадена титула „тој кој може да спие со фараонот на неговиот кревет“. Александар Велики бил познат по тоа дека после битките се одмарал крај своето куче Перитас.

Кучињата ни помагаат да се опуштиме и ни носат поглема топлина

Се чини дека кучињата ни помагаат да се опуштиме. Ритмичкото дишење на кучето, кога некој спие крај него може да помогне при спиењето. Исто така, да се биде во близина на куччето ја зголемува нашата потреба од окситоцин, хормон кој се поврзува со топлина и среќа.

Се зголемува ризикот од болест

Дури и ако не сте алергични на навашето куче, тоа троши повеќе време надвор каде има допир со работи за кои вие би требалод а ги избегнувате и кои би можеле да влијаат врз вашето здравје. Ако своето милениче редовно го вакцинирате и користите средства против болви и ако се генерално здрави, вам би ви било добро да спиете со вашето милениче само треба да најдете вистински душек.

Но што во врска со хигиената на душекот?

Главната причина зошто некои луѓе не сакаат да спијат со нивното куче е бидејќи им е проблематично кога им треба да го чистат душекот. Меѓутоа, ако водите сметка за хигиената тогаш идејата да изберете душек со прекривка која може да се мие ќе вис е чини како одлична. Вие веројатно сте се навикнале да ги менувате чаршавите на вапиот кревет секоја недела или две, но колку пати се сеќавате дека сте го чистеле самиот душек? Чистењето на вашето милениче, одржувањето на хигиената кај вашата постелнина и душекот би требало да го намалат ризикот од потенцијални блести и ќе придонесе вашата спална соба да мириса свежо. Air+душеците се антиалергени и се направени од материјали кои ги одбиваат грињите и поради тоа никогаш нема да морате да се прашувате што би можело да лази по вашиот кревет. Нашите душеци имаат специјален третман кој обезбедува антибактериска, анти-грињи заштита кај прекривката, а спречува и појава на лоши мириси. Поради тоа ќе спиете без да се грижите дали можеби вдишувате опасни испарувања. Благодарение на нашата патентирана Octaspring®  технологија, конструкцијата на нашиот душек обезбедува постојан проток на воздух со цел да се спречи раст на бројот на грињи.  Една од најважните одлики на нашата Air+ линија не е само порозноста и антиалергениот простор за спиење туку и прекривката која може да се извади и мие. Ова е најважната одлика за кога спиеме во креветот без куче. Octaspring® технологијата овозможува максимална и засилена порозност и поради тоа се постигнува супериорно ниво на хигиена за вашиот душек.

Покрај хигиената, што се случува со удобноста?

Понекогаш можете да го чуете вашето куче како спие, зависно од квалитетот на пружините. Бидејќи Air+ ги имаат најдобрите пружини на понуда -  Octaspring® пружини кои овозможуваат еластичност на пружините, 3D адаптивноста и кај обликот и функционалноста. Џепните пружини му овозможуваат стабилност на душекот и ја зголемуваат висината на душекот. Нашиот хибриден испреплетен дизајн создава посвежа и помирна површина за спиење – додека во исто време нуди совршена подршка. Со џепните пружини и Octaspring® успеавме да го комбинираме најдоброто од сите технологии за да добиеме душек со врвен квалитет за вас, вашиот партнер па дури и вашето куче помеѓу вас. Без разлика дали вашиот влакнест миленик спие на или покрај креветот најважната работа е да се има добар сон и сон во хигиенски чист простор. Па што чекате? Едноставно пробајте го и уверете се.