КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да ја задржите мотивацијата кога се откажувате од пушење

Ако неодамна сте се откажале од пушење, точно знаете кои биле причинете за таквата одлука. Можеби сте сакале да го подобрите здравјето, да поставите добар пример за децата или пак да заштедите пари. Но, откако помина одредено време, почнувате да помислувате на цигарите.

Ако неодамна сте се откажале од пушење, точно знаете кои биле причинете за таквата одлука. Можеби сте сакале да го подобрите здравјето, да поставите добар пример за децата или пак да заштедите пари. Но, откако помина одредено време, почнувате да помислувате на цигарите. Можеби сега е вистинскиот момент за освежување на мотивацијата.

Создадете долгорочен буџет

Пушачите кои создале план за трошење и заштеда на долг рок (барем неколку месеци) имаат поголеми шанси да опстојат на својата одлука за откажување од пушење, отколку оние чиишто планови достигнуваат само до следната седмица. Причината за ова е што долгорочниот буџет е фокусиран на иднината, што им помага да се фокусираат и на здравствените последици од пушењето.

Мислете на своите идни деца

Додека се фокусирате на утре, размислете за тоа во колкава мера пушењето може да го загрози здравото размножување, па дури и можноста за зачнување. Кај жените, циарите го зголемуваат ризикот од неплодност, го забрзуваат стареењето на репродуктивниот систем и ги прават јајце-клетките посклони на генетски аномалии. Кај мажите, пушењето го намалува бројот на сперматозоидите, како и нивната подвижност. Исто така, мажите кои пушат можат да предизвикуваат оштетување на генетскиот материјал што го пренесуваат на своите деца.

Останете физички активни

Редовното вежбање често се препорачува за менаџирање на стресот или за превенција на зголемување на телесната тежина по откажувањето од цигарите. Но, умереното вежбање, како што е пешачењето или возењето велосипед, исто така ја намалува потребата за никотин. Поради тоа, редовното вежбање го намалува ризикот од враќање на лошата навика.

Јадете овошје и зеленчук

Последните истражувања покажаа дека редовното јадење овошје и зеленчук им помага на луѓето кои решиле да се откажат од цигари, да не посегнат повторно по тутунот. Една од можните причини е високата содржина на растителни влакна, поради што чувството на ситост трае подолго. Многу често луѓето го помешуваат гладот со жед, дури и со желба за цигара, што може да предизвика искушение.