КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

25 најдобри диет-трикови на сите времиња

Секој ден дознаваме по нешто ново за диетите и програмите за слабеење, но тоа не значи дека треба да заборавите на старите, проверени методи кои функционираат. Ви ги пренесуваме 25-те најдобри диет-трикови на сите времиња.

Секој ден дознаваме по нешто ново за диетите и програмите за слабеење, но тоа не значи дека треба да заборавите на старите, проверени методи кои функционираат. Ви ги пренесуваме 25-те најдобри диет-трикови на сите времиња.

1. Не го прескокнувајте појадокот

Појадокот ќе ви даде енергија за целиот ден и ќе ви помогне да се држите до диетата.

2. Не бидете алчни

Кога станува збор за десерти, следете го правилото на трите залаци. Каснете три пати и потоа спуштете ја виљушката.

3. Постојано согорување

Кога вежбате, не правете паузи подолги од 30 секунди помеѓу вежбите.

4. Избегнувајте ноќни ужинки

Завршете со сите оброци најмногу до 3 часа пред спиење. Метаболизмот забавува кога спиете, па наместо да ги согорувате калориите, започнувате да ги складирате во форма на масни наслаги.

5. Не ги заборавајте теговите

Вежбајте со тегови. Зголемувањето на мускулната маса значи и зголемена потрошувачка на енергија.

6. Преиспитајте ја потребата за храна

Пред да јадете, запрашајте се дали сте гладни? Ако потребата за храна не потекнува од глад, тогаш никогаш нема да ја задоволите.

7. Спијте

Спијте 6 до 8 часа дневно. Без тоа, нивото на хормонот што предизвикува глад, грелин, значително се зголемува, што на долг рок значи зголемување на телесната тежина.

8. Сами пригответе си ручек

Носете свои оброци на работното место. Луѓето кои јадат во ресторани, барем еден ручек во неделата, на годишно ниво се здебелуваат за 3 килограми повеќе од оние што сами си приготвуваат ручек.

9. Тренирајте го мозокот

Бидете специфични за целта која сакате да ја постигнете со програмата за слабеење. Мозокот може да ја забележи разликата помеѓу моменталната и посакуваната состојба, што ќе ви го олесни целиот процес.

10. Започнете со зеленчук

Јадете по правилен редослед. Ручекот започнете го со зеленчук, за да изедете повеќе нискокалорична храна, со што се намалува и вкупниот внес.

11. Користете проверени методи

Следете ги навиките на луѓето кои успешно ги намалиле килограмите и живеат посреќен живот: 75% се мерат најмалку еднаш неделно, 78% појадуваат и 62% од нив гледаат телевизија помалку од 10 часа неделно.

12. Јадете ужинки

Доколку сте гладни, јадете на секои 3 до 4 часа, за полесно да можете да се справите со искушенијата.

13. Фокусирајте се

Зацртајте специфична цел со зададен рок. На пример, ветете си дека по 1 месец ќе направите фотографии „потоа“. Тоа ќе ви помогне да останете мотивирани.

14. Челичете се

Важно е очекувате одредена неудобност. Ја напуштате удобната зона и сите ваши навики. Очекувањето на тешките периоди ќе ви помогне полесно да ги пребродите.

15. Закажете ден за мамење

Најлесно ќе ѝ одолеете на потребата за специфична храна, доколку го одложите јадењето на таа храна за некој иден ден во кој ќе можете да јадете што сакате.

16. Водете дневник

Водете дневник на исхрана. Според истражувањата, луѓето кои ја имаат оваа навика, на годишно ниво успеваат да ослабат по 4 килограми повеќе.

17. Користете ги рацете

Кога вежбате на лента за трчање, на пример, додајте и вежби за рацете, со полесни тегови, за да го зголемите бројот на согорени калории.

18. Никогаш не купувајте кога сте гладни   

Кога купувате намирници, правете го тоа кога сте најадени. Веројатноста да купите храна што не е здрава и ќе ви ја уништи диетата, се зголемува со степенот на глад.

19. Откажете се од газирани сокови

Редовното внесување газирани пијалаци не само што ќе ви натрупа непотребни калории од шеќерот, туку можно е да ја намали и способноста на мускулите да согоруваат масти.

20. Внесувајте растителни влакна и протеини

Уживајте во зеленчукот без скроб, јаткастите плодови, семињата и месо (со минимален процент на масти), сѐ додека немате место за ништо друго.

21. Избегнувајте сол

Натриумот ги задржува течностите во организмот, го подува стомакот и со тоа го забавува процесот на слабеење.

22. Тест со јаболко

Ако не сте доволно гладни да изедете јаболко, не сте гладни.

23. Попладне без јаглехидрати

Едно од најтешките правила за следење е – избегнувајте јаглехидрати по ручекот. Но, ако успеете да го следите ова правило, ќе ја намалите телесната тежина.

24. Пресметајте

Телесната тежина помножете ја со два и потоа додадете една нула на добиениот број. Тоа е бројот на калории што треба да го внесувате ако сте умерено физички активни.

25. Пешачете

По секој оброк отидете на кратка прошетка од 15 минути. На тој начин веднаш согорувате 100 калории.