КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Јас и мојата перница, дали е време за промена?

Луѓето најчесто го менуваат душекот, ќебињата, постелнината, често и целиот кревет, а сепак перницата останува да се користи. Па кога е време да ја замените перницата.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да откриете дали е време да ја замените перницата

Луѓето најчесто го менуваат душекот, ќебињата, постелнината, често и целиот кревет, а сепак перницата останува да се користи. Па кога е време да ја замените перницата.

Грутки и нерамнини

Дали вашата перница им грутки? Ако има грутки и нерамнини, тогаш нејзините денови се избројани. За да им даде поддршка на вратот и на главара во текот на ноќта перницата не треба да има грутки.

Силата на виткањето

Дали вашата перница ќе го помине тестот на виткање? Ако имате перница полнета со природни пердуви, свиткајте ја на половина и пуштете ја. Полека треба да се врати во првобитната положба. Ако имате перница полнета со микровлакна тогаш таа за многу кратко време треба да се врати во првобитната положба. Малку е потешко да се тестира перница од мемори пена. Пробајте го тестот и проверете дали таа целосно ќе се врати во првобитната положба. Треба да можете да ја притиснете во средина, но во никој случај не смее да ја успеете да ја стигнете целосно.

Временски тест

Дали може да се сетите кога ја купивте перницата? Ако одговорот е негативен тогаш најверојатно е време да си купите нова перница. Перницата треба да ја менувате на секои 18 до 24 месеци. Ако вашата перница е постара од тоа треба да размислите за купување на нова перница.

Болка

Една од најголемите причини поради која луѓето се одлучуваат да ја заменат перницата  е кога ќе почувствуваат болки во вратот. Многу е важно да имате перница која им дава соодветна поддршка на вратот и на главата. Ако немате таква перница тогаш може да имате болки во вратот и главата, дури и кога спиете. Неудобниот душек исто така може да предизвика болки во грбот, па затоа не заборавајте да го тестирате и душекот.

Непријатни миризби

Доколку вашата перница има непријатен мирис тогаш е време да ја замените. Непријатните миризби доаѓаат од бактерии, мувла, па дури и од насобрани мртви клетки и пот. Вашата перница секогаш треба да биде свежа  и да мириса пријатно.