КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Повеќе забава за помалку пари

Една од најголемите пречки за добра забава е недостатокот на финансиски средства. Еве неколку совети за тоа како да се забавувате со помалку пари.

Една од најголемите пречки за добра забава е недостатокот на финансиски средства.

Еве неколку совети за тоа како да се забавувате со помалку пари.

Совет 1: Најдете едноставни начини да заштедите на работите кои сакате да ги правите. Повеќето од нас мислат дека за тоа да се постигне треба целосно да се откажат од тие активности, но не е така. Едноставно најдете поевтини начини да ги реализирате. На пример, наместо да одите во кино во петок, отидете во четврток. За викенд картите се поскапи, а услугата е иста. Или пак, за уште поголем попуст, отидете на попладневна претстава, а не во ударните ноќни термини. Кога одите во ресторан, користете понуди со попусти, или прескокнете ги пијалоците и предјадењето, бидејќи тие ја зголемуваат сметката. Можете на интернет да побарате купони со попусти, промотивни понуди, итн. Ова е одличен начин да заштедите.

Совет 2: Поминувајте повеќе време дома. Најчесто, за да се забавуваат луѓето мислат дека треба да излезат од дома. Но, не е секогаш така. Ако сакате да се забавувате со помалку пари, обидете се да најдете работи кои уживате додека ги правите во вашиот дом. На пример, играјте игри. Има голем број на игри со карти кои можете да ги играте во друштво на вашите најблиски. Прочитајте добра книга, згответе го омиленото јадење, погледајте добар филм. Има голем број на активности кои можете да ги правите дома доколку се потрудите да ги побарате, и тие најчесто вклучуваат само минимален трошок.  

Совет 3: Ограничете го буџетот. Понекогаш сакаме премногу да се забавуваме, и затоа што немаме ограничен буџет, трошиме многу пари. Па така, наместо да ставите ограничување на тоа колку често излегувате да се забавувате, ограничете го буџетот кој ќе ви биде достапен за тие излегувања. На тој начин ќе одредите како сакате да ги потрошите парите и кога ќе ги снема ќе барате дополнителни опции како што е дружењето со најблиските дома. Ограничениот буџет е одлично решение бидејќи тој претставува своевиден физички потсетник дека немате веќе средства за забава.

Можно е да се забавувате без да потрошите многу пари. Активностите во природа како што е планинарењето, пешачењето, возењето велосипед или ролери, чинат малку пари, а се навистина многу забавни. Дружењето со пријателите, подготвувањето вечера за саканите или уживањето во добриот филм во удобноста на вашата софа, се одлични начини да заштедите и истовремено да се забавувате.