КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Совети за сексуален живот во текот на бременоста и потоа

Со бременоста се менуваат многу нешта во животот. Почнувајќи од телото на трудницата, па сè до односот помеѓу партнерите. Но, едно нешто што бременоста не треба и не смее да промени е сексуалниот живот. Потребно е само мало прилагодување.

1. Испробајте нови пози

Ако сте имале поконзервативен сексуален живот пред бременоста, во текот на бременоста можеби малку ќе се изненадите. Кога жените забременуваат, телата им се менуваат на повеќе делови и со тоа се отежнува „нормалниот“  секс, бидејќи искуството станува непријатно, понекогаш дури и болно. Затоа, ова е време да посегнете по „Кама Сутра“ и да ги испробате сите пози за кои некогаш сте се прашувале. Ако откриете дека некои од овие пози особено ви годат, постои добра шанса да продолжите да ги практикувате и по раѓањето на вашето бебе. 2. Таа можеби нема воопшто да сака секс – сè до мигот кога ќе започне постојано да сака секс

Кај сите жени се случуваат хормонални промени за време на бременоста. Кај некои доаѓа до понагли и подрастични промени. Нејзиното расположение ќе започне да се менува, веќе нема да сака храна што претходно ја обожавала и ќе загуби секаков интерес за секс (и физички и емоционално). Но, почекајте одреден период. Најдолго што можете да чекате е до почетокот на второто тромесечие, кога либидото на бремените жени нагло пораснува. Почекајте и ќе се уверите. 3. Секој пат може да биде последен

Откако ќе станете родители, ќе имате многу малку време за себе. Ова вообичаено трае најмалку 18 години. Затоа, доколку сакате да го одржите сексуалниот живот во полн жар, ќе мора да ги користите сите расположливи моменти: во кујната, под туш, секаде каде што ќе сте сами. Експериментирајте и ќе го пронајдете задоволството дури и во ограниченото време. 4. Нема да го повредите бебето

Многу мажи изразуваат загриженост дека можеби ќе го повредат бебето поради нивната величина. Но, едноставно нема. Ова е медицински докажан факт. Бебињата се заштитени со обвивката во матката. Единствено на што треба внимавате се ејакулациите во последното тромесечие, бидејќи спермата содржи супстанца што може да предизвика предвремени контракции. 5. Сексот ќе ви се допаѓа и по породувањето

Ако сексот ви се допаѓа пред бременоста и во текот на бременоста, ќе ви се допаѓа и потоа. Престанете да се грижите за тоа дека „нештата нема да се исти“. Запомнете, сексот е примарно умствена категорија. 6. Паузата од неколку седмици не е страшна

Првите неколку седмици по породувањето се исцрпувачки за мајките. Постојано се уморни, понекогаш немаат време ниту да се истушираат и сексот често е последното нешто на кое помислуваат. Тоа е период во кој треба да направите пауза. Откако ќе си создадете животен ритам, тогаш ќе најдете и време за интимност и сексот повторно ќе биде тоа што бил претходно. Почекајте, дефинитивно ќе се исплати. 7. Временското ограничување може да го направи сексот повозбудлив

Понекогаш е невозможно да најдете време за секс, со дете во домот. Но, токму временските ограничувања може да ги направат нештата позабавни и поавантуристички. Искористете го секој миг, на најдобриот начин што знаете и умеете.