- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Спиењето е многу повеќе од одмор за луѓето. Сите имаат потреба од спиење, а од нашето сопствено искуство, сите знаеме дека должината, интензитетот и длабочината на сонот, заедно со способноста за регенерација на телото, значително варираат.
Спиењето е многу повеќе од одмор за луѓето. Сите имаат потреба од спиење, а од нашето сопствено искуство, сите знаеме дека должината, интензитетот и длабочината на сонот, заедно со способноста за регенерација на телото, значително варираат.
Сепак, многумина и натаму се прашуваат дали една олку сложена состојба воопшто може да се дефинира? Прочитајте како научниците го дефинирале спиењето.
За да го дефинираме спиењето, прво мора да замислиме личност која спие, за да ги имаме предвид видливите карактеристики. Личноста најверојатно лежи во удобна положба, дише рамномерно и смирено, а понекогаш малку се поместува или се превртува.
Ако сакаме да знаеме дали некој што спие сонува, треба да го погледнеме во очите. Доколку тие брзо се движат под очните капаци, тоа е сигурен знак дека сонува. Ако очите се мирни, тогаш спиењето е длабоко, но без сонување.
Ако одеднаш разбудиме некој што спие, најверојатно ќе биде запрепастен. Ќе му бидат потребни неколку минути да си дојде на себе и да стане свесен за околината.
Кога научниците се обиделе да го дефинираат спиењето, тоа го направиле по принципот на двете страни од една иста паричка. Доколку будноста е состојба во која сте сосема свесни, размислувате, јадете, работите итн., тогаш спиењето е спротивната состојба.
Кога спиеме сме физички неактивни, со исклучок на одредени несвесни движења, како што се чешањето или превртувањето. Имено, нашиот мозок има специјален механизам, кој додека спиеме, ги намалува информациите кои се испраќаат до сетилата. Дополнително, дел од мозокот праќа сигнали кои ги релаксираат најголемите мускули во телото.
Спиењето е поделено на психолошки етапи. Просечен човек спие по 6 до 9 часа на ноќ, а во нив минува низ 4 или 5 одделни циклуси, од кои секој трае по приближно 90 минути. Сите циклуси се испреплетени со многу куси периоди на будност, кои наутро воопшто не ги помниме.
Секој циклус на спиење е поделен на 5 етапи. Петте етапи се наречени: сомноленција, лесно спиење, прва етапа на длабоко спиење, втора етапа на длабоко спиење и РЕМ спиење. Спиењето на здрав возрасен човек се состои од 25 проценти длабоко спиење, 50 проценти лесно спиење и 25 проценти РЕМ спиење.