КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Совети за правилна хидратација во зима

Деновите стануваат сѐ постудени, а вежбите на отворено сѐ поретки, со што станува многу лесно да ја занемариме важноста на правилната хидратација. Иако вам пиењето помалку вода ви се чини во ред, вашето тело не се согласува со тоа.

Деновите стануваат сѐ постудени, а вежбите на отворено сѐ поретки, со што станува многу лесно да ја занемариме важноста на правилната хидратација. Иако вам пиењето помалку вода ви се чини во ред, вашето тело не се согласува со тоа. Водата е исто толку важна во зима, колку што е и во лето. Затоа, следете ги овие совети за правилна хидратација и во зимскиот период.

Јадете ги течностите

Овошјето и зеленчукот содржат огромен процент вода. Со честото јадење овошје и зеленчук, не само што ќе го зголемите процентот на внес на вода во организмот, туку поради водата, се зголемува и волуменот на плодовите, со што полесно ќе го задоволите гладот, без дополнителните калории.

Понесете си чај

Кога излегувате за на работа, понесете си термос со топол чај. Не само што тоа ќе ве држи топли додека патувате, туку со тоа ќе внесете и доволно течности за соодветен почеток на денот.

Без кофеин по ручекот

Најголем дел од нас мора да се напијат кафе наутро, за соодветен почеток на денот. Но, запомнете дека кофеинот е деуретик и може да предизвика дехидрација, доколку не пиете доволно течности покрај кафето. За да бидете сигурни, создадете си навика да не пиете кафе по ручекот.

Пијте чаша вода пред секој оброк

Ако успеете да си создадете навика да пиете по една чаша вода пред секој оброк, тогаш и да заборавите редовно да пиете вода во остатокот од денот, тоа нема да биде страшно. Како бонус, пиењето вода пред секој оброк ќе ви помогне да внесувате помалку храна, бидејќи желудникот има одреден волумен кој мора да се наполни, по која точка веќе не чувствуваме глад.