- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Гласно ‘рчење - тешко дишење во текот на спиењето – навистина може да ви претставува проблем без разлика на тоа дали ви пречи вам или на личноста со која го делите креветот. Според истражувањата, тоа се многу луѓе, бидејќи 37 милиони лица постојано ‘рчат.
Гласно ‘рчење – тешко дишење во текот на спиењето – навистина може да ви претставува проблем без разлика на тоа дали ви пречи вам или на личноста со која го делите креветот. Според истражувањата, тоа се многу луѓе, бидејќи 37 милиони лица постојано ‘рчат. Звукот доаѓа од задниот дел на устата, каде се спојуваат меките ткива на повеќе структури. Кога овие ткива вибрираат заедно, тогаш настанува ‘рчењето. Оваа појава најчесто им се случува на мажите и најчесто се влошува со текот на годините.
Општо земено, ‘рчењето не е причина за да бидете загрижени сè додека не започне да им пречи на другите околу вас. Но, во некои случаи може да биде знак за сериозна медицинска состојба која се нарекува ноќна апнеа – односно прекин на дишењето во текот на спиењето. Во таа состојба луѓето всушност престануваат да дишат до 10 секунди, што предизвикува сериозни опаѓања на нивото на кислород во крвта. Според Националниот Институт за Здравство, ова нарушување може да придонесе за висок крвен притисок како и срцев удар. Секој кој редовно ‘рчи треба да се провери на лекар за да може да се справи со оваа состојба. Доколку ноќната апнеа не е вклучена во вашето ‘рчење тогаш постојат многу техники кои ќе ви помогнат да го намалите па дури и отстраните ‘рчењето.
Еве шест едноставни предлози кои можат да ви помогнат да го намалите ‘рчењето:
Вишокот килограми можат да придонесат за да се наруши вашата здравствена состојба, но исто така го стеснува просторот за циркулација на воздух, со што се зголемува можноста за тие ткива да се допираат меѓусебно.
Овие супстанци може да го опуштат делот за проток на воздух, а тоа може да доведе до ‘рчење. Ограничете го консумирањето на алкохол на 1 чаша дневно (за жени) и помалку од 2 чаши (за мажи) и консумирајте го пијалакот најмалку 4 часа пред да си легнете.
Оние што спијат на грб се склони на ‘рчење, бидејќи оваа положба му овозможува на грлото да се опушти и да го блокира делот за проток на воздух. Ако по навика спиете на грб, пробајте го овој метод за да го спречите тоа: во чорапа ставете тениско топче и безбедно закачете го чорапот на грбот (на задниот дел од пижамата). Кога во текот на ноќта ќе сакате да се свртите на грб, нема да се чувствувате удобно и ќе се свртите на страна.
Покрај тоа што ви создава и други проблеми во дишењето, пушењето исто така води до блокирање на носот и белите дробови, а тоа предизвикува ‘рчење.
Второстепеното пушење цигари е исто толку штетно колку и самото пушење цигари и предизвикува ‘рчење на истиот начин како и нормалното пушење. Пробајте да ги одвикнете оние кои пушат цигари и избегнувајте ресторани и кафулиња каде се пуши.
Кога мускулите не ви се тонирани, тогаш голема е веројатноста дека ‘рчите. Вежбањето ги тонира и зацврстува мускулите низ целото тело, а исто така го регулира и спиењето и ‘рчењето. Пробајте барем 3 сесии кардио и 2 сесии вежби за зацврстување на мускулите во текот на неделата. Ќ
Во поголем дел од случаите ‘рчењето не настанува од само еден фактор, туку од комбинација на повеќе фактори. Постојат многу производи и процедури кои се наменети за намалување на ‘рчењето. Доколку вие или вашите сакани имате проблеми со ‘рчењето, од добриот сон може да ве дели само една посета на доктор.