- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Активниот сексуален живот е клучен за доброто здравје и општата благосостојба. Храната која ја јадеме е многу значајна за сексуалниот нагон. Следниве прехранбени производи кои позитивно влијаат на либидото, се само дел од големата листа.
Активниот сексуален живот е клучен за доброто здравје и општата благосостојба. Храната која ја јадеме е многу значајна за сексуалниот нагон. Следниве прехранбени производи кои позитивно влијаат на либидото, се само дел од големата листа.
Семките од тиква се едни од ретките плодови кои содржат цинк, кој е клучен за излачувањето тестостерон. Недостигот од овој хормон може да предизвика комплетно губење на сексуалниот нагон кај жените. Овие вкусни семки се богати и со омега-3 масни киселини, кои се клучни за општото сексуално здравје.
Бананите го засилуваат машкото либидо. Содржат ензим кој се вика бромелаин, кој е важен за сексуалното здравје. Исто така, претставуваат и добар извор на витамините од Б-комплексот, кои го покачуваат нивото на енергија и сексуалните хормони.
Овој зеленчук е моќен стимуланс, бидејќи во себе содржи супстанца позната како андростерон, кој е безмирисен афродизијак во машката пот.
Авокадото позитивно влијае и врз машкото и врз женското либидо. Содржи големи количества фолна киселина и му обезбедува сексуална енергија на телото. Авокадото исто така содржи и витамин Б6, кој е моќен регулатор на хормони.
Аспарагусот е многу богат со витамин Е, кој е исклучително важна материја за добар секс.
Капсацинот, супстанцата која ги прави пиперките лути, ослободува ендорфини и други хормони кои предизвикуваат позитивни чувства и кои се неопходни за возбудлив сексуален живот.
Босилекот ја подобрува циркулацијата, го стимулира сексуалниот нагон и ја подобрува плодноста. Оваа вкусна билка дава чувство на благосостојба, што овозможува да се доживее сексуална екстаза.
Смоквите се многу богати со аминокиселини, кои се клучни за засилување на либидото и зголемување на сексуалната кондиција.
Лукот содржи високи количества алицин, кој може да ја подобри циркулацијата на крвта во гениталиите.