- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сигурно сте го искусиле следново сценарио, нели? Лежите изморени во кревет, го местите алармот на часовникот и ги затворате очите... и се затекнувате себе си како не спиете еден час подоцна.
Сигурно сте го искусиле следново сценарио, нели? Лежите изморени во кревет, го местите алармот на часовникот и ги затворате очите... и се затекнувате себе си како не спиете еден час подоцна.
Што сте погрешиле? Најверојатно е дека ништо не сте згрешиле. Понекогаш може да бидете изиграни од Вашиот сон, без да знаете зошто. Затоа, Ви нудиме 12 супер совети за мирно, релаксирачко спиење.
Прашајте ја која било жена, кој е најлесниот начин да го заспиете мажот – таа сигурно веднаш ќе ви одговори: секс. Зошто? Ејакулацијата ги изморува мажите, поради што заспиваат многу побрзо. За оние кои моментално не ја делат својата спална, да кажеме дека сексот во соло го има истиот ефект...
Ако сакате да заспиете, а не Ви успева тогаш станете и најдете некоја досадна работа. Читајте некој стар роман, слушајте временска прогноза или гледајте некоја емисија за мрзеливост. Не гледајте трилери, избегнувајте интересни вести и не отворајте шише пиво.
Да бидеме искрени, зелената салата не е најсекси вечерен оброк, но претставува главна состојка од лековитите напивки уште од времето на Старите Грци. Имено, содржи супстанции, слични на опиумот, кои што помагаат да заспиете. Ако се искомбинира зелената салата со чаша какао, на одреден начин „ќе го излажете“ мозокот.
Ова не значи дека треба да ја подигнете левата нога до десното уво. Доволно е да знаете дека 8 часовното спиење не е препишано со закон. Несоницата не е опасна – да се грижите премногу за неа, од друга страна, предизвикува повеќе долгорочни оштетувања, отколку самата несоница. Најголемиот дел од луѓето коишто страдаат од несоница, спијат 6 часа во текот на ноќта, што е повеќе од доволно за мозокот да функционира нормално во текот на целиот ден.
Ако Ви е потребна помош во вид на таблети или алкохол, сигурно сте забележале дека се будите мрзливо и бавно наутро. Зошто? Вештачките лекови го одложуваат, или силно го нарушуваат Вашиот најобновувачки дел од спиењето, т.е. од циклусот на сонување. Дури и ако мислите дека сте заспале подобро после чаша алкохол, сепак алкохолот го пролонгира времето на заспивање за најмалку 15 минути, и после долга употреба станува се помалку ефикасен.
Да, сигурно сте слушнале и порано дека луѓето кои што активно се занимаваат со спорт, спијат подобро. Избегнувајте да работите непосредно пред да си легнете, освен ако не се работи за кардио тренинг од Точката 1.
Дали се сеќавате на филмот Денот на американскиот мармут, во кој Бил Муреј се буди секогаш во ист ден, во ист час? Тоа е токму она што ние Ви советуваме. Наместете го алармот на часовникот во 6:30 и ставете го надвор од Вашиот дофат. Кога ѕвони, станете и не враќајте се назад во креветот. Наскоро ќе се навикнете на оваа нова шема и станувањето во шест и триесет ќе стане многу лесно.
Ако Вашата соба е полна со работи што не Ви се потребни - алишта, телевизор, компјутер, радио (сè можно што се вклучува и свети), тогаш тоа не е спална соба, туку повеќе канцеларија. Вашето место за спиење треба да биде пријатно, темно и свежо (но, не како Антарктик). Ако не можете да се откажете од електронскиот отпад, тогаш уверете се дека е целосно исклучен во текот на ноќта.
Дали сте од оние кои паѓаат на каучот во текот на попладнето и „размислуваат длабоко“ повеќе од еден час?
Попладневната дремка е крајно искушителна, посебно за оние кои работат дома. Погрешно, погрешно, погрешно... попладневната дремка го уништува биоритамот на спиење, и на тој начин може брзо да се најдете помеѓу оние кои имаат проблеми со несоницата. Па, одолејте на навиката и Вашиот сон исто така ќе се подобри.
Кога сте полни со адреналин и енергија, и кога е време за легнување, не легнувајте додека целосно не се смирите. Седнете, затворете ги очите, и полека дишете со стомакот наизменично на секои 3 секунди. Правете го ова 10 минути додека комплетно не се смирите.
Гладниот, празен стомак не е најдоброто решение за спиење, а истото важи и за храната која Ви дава енергија. Избегнувајте храна која содржи тирамин, супстанца која го стимулира мозокот и Ве одвраќа од спиење. Таква храна е на пример, сланината, модриот патлиџан, малините, капинките, авокадото и сирењето. Вечерајте, но умерено. Вашиот стомак, исто така заслужува да се одмори.
Пушачите имаат поголеми потешкотии да заспијат, и да се разбудат. Ако цигарите навистина ве тераат да заспиете, тогаш главата би ви паѓала цело време, но всушност не е така. Ова веројатно не е доволно добра причина за да се откажете од цигарите – но може да пробате.