КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Услови и правила на изборот подарување по повод 20 години Дормео

Студио Модерна дооел Скопје, со адреса: Костурски Херои бр.38 , 1000 Скопје е организатор изборот подарување по повод 20 години Дормео (во понатамошниот текст „организатор”), каде корисникот („пријавениот”) на www.dormeo.com.mk („интернет страницата”) може да се пријави за да добие подарок – производ од брендот Дормео, со вредност не поголема од 10.000 денари (со вклучен ДДВ). Со самата пријава, пријавениот се согласува со условите и правилата.

Кој може да се пријави?

Секој со наполнети 18 (осумнаесет) години може да се пријави.

Кои информации се потребни?

Во пријавата, пријавениот треба да ги наведе следниве информации:

Своето име и презиме, пол и email адреса како и да избере една кутија од понудените на страницата, која содржи одреден производ од Дормео.

Одговори на прашања од организаторот.

Дадените податоци ќе бидат именувани како информации во понатамошниот текст.

Што ќе прави организаторот со овие информации?

Организаторот прво ќе ги прегледа сите пријави со цел да спречи несоодветна содржина и од сите пристигнати, по случаен избор, за секоја етапа ќе избира еден пријавен кој ќе го добие избраниот подарок.

Одговорни за регуларноста на пријавувањето и текот, како и на изборот на 3-те подароци се членовите на жири комисијата, во состав:

Анета Мркева – претседател на жири комисија

Томе Димитриевски – член

Даниел Брзанов – член

Организаторот го има правото да ги чува, обработува и користи информациите за целите на подарувањето и за маркетинг кампањите на Студио Модерна.

Со учеството, Пријавениот се согласува неговите/нејзините лични податоци да бидат чувани од страна на Организаторот Студио Модерна д.о.о.е.л. Скопје, и да ги користи за статистичка обработка, истражување на пазарот , како и контактирање по пат на писма, телефон или електронски комуникации (Вибер и Емаил пораки) со цел известување за маркетинг активности и промоции.

Оваа согласност се дава на неопределено време или до евентуално отповикување. Отповикувањето Ви овозможува да истапите од базата на податоци, и во тој случај истите нема да бидат повеќе обработувани. Отповикувањето можете да го направите на едноставен начин со испраќање на отповикувањето  во писмена форма на нашата адреса: . ул Костурски Херои бр.38/К1 локал 1 Скопје, Центар, или на емаил info@topshop.com.mk.

Во секоја емаил порака се наоѓа и копче до линкот за одјавување од е-маил листата на Студио Модерна.

Кој е одговорен за информациите?

Организаторот не е одговорен за точноста на информациите, како и за нивното објавување од трети лица на социјални мрежи или други страници.

Условите и правилата за изборот почнуваат да важат од денот на нивното објавување. Организаторот го задржува правото да ги измени овие правила во било кое време, без претходно известување. Студио Модерна ниту ќе ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот. Вработените во Студио Модерна се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Колку време ќе трае изборот?

Изборот ќе трае од 1ви до 30ти јуни и ќе биде поделен во 3 етапи.

  • 1 етапа: 01-08.06
  • 2 етапа: 09-20.06
  • 3 етапа: 21-30.06

Избраните учесници ќе бидат известени на оставената емаил адреса, во рок од три дена по завршувањето на секоја етапа. Сепак, Организаторот го задржува правото на промени на термините на објавување или да го откаже изборот во било кое време.

Доколку имате дополнителни прашања, пишете ни на info@topshop.com.mk

Скопје, 2022

Студио Модерна