КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Услови и правила на изборот Дормео Спијач

Студио Модерна дооел Скопје, со адреса: Костурски Херои бр.38 , 1000 Скопје е организатор на изборот Дормео Спијач (во понатамошниот текст „организатор”), каде корисникот („пријавениот”) на www.spijaci.mk („интернет страницата”) може да се пријави за Дормео Спијач. Со самата пријава, номинирачот се согласува со условите и правилата.

Кој може да се пријави?

Секој, со наполнети 18 (осумнаесет) години може да се пријави.

Кои информации се потребни?

Во пријавата, пријавениот треба да ги наведе следниве информации:

  • Име и презиме, тел. број, град, возраст и email адреса, слика.
  • Одговори на прашања од организаторот.

Дадените податоци ќе бидат именувани како информации во понатамошниот текст.

Што ќе прави организаторот со овие информации?

Организаторот прво ќе ги прегледа сите пријави со цел да спречи несоодветна содржина, и од сите пристигнати, ќе одбере 6 потенцијални кандидати и за истите потоа ќе организира јавно гласање со цел да се одбере 1 за ангажманот Дормео спијач.

Организаторот го има правото да ги чува, обработува и користи информациите за целите на изборот и кампањата Дормео Спијач.

Кој е одговорен за информациите?

Организаторот не е одговорен за точноста на информациите, како и за нивното објавување од трети лица на социјални мрежи или други страници.

Условите и правилата за кампањата Дормео Спијач почнуваат да важат од денот на нивното објавување. Организаторот го задржува правото да ги измени овие правила во било кое време, без претходно извесување. Студио Модерна ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за технички потреби за интернет страната, за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. Студио Модерна ниту ќе ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот. Вработените во Студио Модерна се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Колку време ќе трае изборот и ангажманот на Дормео Спијачот?

Пријавувањето за Дормео Спијач ќе трае од 26ти август до 14ти септември. Гласањето ќе трае од 16ти до 30ти септември. Спијачкиот ангажман ќе биде организиран во периодот од 5ти до 12ти октомври, во зависност од тековната состојба поврзана со корона вирусот. Во меѓувреме вежбајте спиење во безбеден простор :)

Доколку имате дополнителни прашања, пишете ни на info@dormeo.com.mk

Скопје, 2021

Студио Модерна