Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Како да го одберете идеалниот душек за Вас

На што треба да обрнете внимание кога одбирате нов душек? Одбирањето на нов душек воопшто не е едноставна одлука, затоа дознајте како да го донесете вистинското решение!

Кога ќе дојде време за купување нов душек, бргу откриваме дека постои преголем избор на пазарот. Некои модели се слични, други пак се сосема различни.

Како да го одберете вистинскиот душек

Кога ќе дојде време за купување нов душек, бргу откриваме дека постои преголем избор на пазарот. Некои модели се слични, други пак се сосема различни.

Некои имаат федери, други се направени од латекс, трети од мемори пена итн. Сепак, ние сме заинтересирани само за едно нешто – мирно да се наспиеме, да се одмориме и да се освежиме во текот на ноќта.

Душеците Дормео се направени од внимателно одбрани материјали, кои не се штетни за животната средина и кои се прилагодени на потребите на модерниот човек. Можете да направите избор од 20 различни душеци, кои се одликуваат со висок квалитет и пристапна цена. Душеците Дормео ја комбинираат модерната технологија со највисоките стандарди за квалитет и поради тоа ви обезбедуваат многу години мирно и релаксирачко спиење.

За дополнително да ви го олесниме пронаоѓањето на вистинскиот душек за вас, ви подготвивме водич за душеци Дормео.

Подгответе се за мирен сон!

Што треба да земете предвид кога одбирате нов душек?

Пред да се одлучите за нов душек, треба да ги согледате своите потреби и навиките при спиење. Ве советуваме да започнете со одговарање на следниве прашања (ако и вашиот партнер спие на истиот душек, треба заедно да ги одговарате прашањата):

  • Во која положба спиете?
  • Дали сакате да спиете на мек или на поцврст душек?
  • Дали имате проблеми со болки во грбот?
  • Дали сте алергични на прав и/или прашински грини?
  • Дали често се потите кога спиете?
  • Дали сте наклонети кон најмодерната технологија?

Оттука натаму ќе ги пронајдете нашите препораки како да го одберете совршениот душек за вашите потреби. Секако, ви препорачуваме да го користите и Дормео конфигураторот на производи, кој ќе ви помогне да го одберете совршениот кревет за вас.

Одберете душек според положбата во која спиете

Кога одбираме нов душек, ретко ја земаме предвид положбата во која спиеме, иако се работи за клучен фактор. Различните положби на спиење создаваат притисок врз различни делови од телото, затоа изборот мора да го базираме врз положбата во која спиеме.

  1. Ако вообичаено спиете на грб
  2. Ако вообичаено спиете на стомак
  3. Ако вообичаено спиете на страна
  4. Ако вообичаено спиете во комбинирани положби

1. Ако вообичаено спиете на грб

Тогаш ви е потребен поцврст душек. Во оваа положба на спиење, тежината од телото се распределува по целиот кревет, но на ’рбетот му е потребна подобра потпора.

Дормео ви ги препорачува следниве душеци:

Најцврст

  • Алое Вера: Ортопедски душек направен од Ecocell®, збогатена со влакна од алое вера.

Цврсти и средно цврсти – душеци со 2 во 1 променливо јадро

Друг избор се душеците со променливо јадро, со 1 помека и 1 поцврста страна, за сами да си ја определите удобноста во кој било момент. За луѓе што спијат на грб ги препорачуваме:

  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна;

2. Ако вообичаено спиете на стомак

Одберете средно мек душек кој се приспособува на формата на телото и ја распределува тежината. Најсоодветен душек за вас е душекот кај кој мекоста и цврстината се внимателно комбинирани за да ви овозможат удобност, но и одлична потпора за ’рбетот.

Дормео ви ги препорачува овие душеци:

Средно цврст и мек – душек со 2 во 1 променливо јадро

Друг избор се душеците со променливо јадро, со 1 помека и 1 поцврста страна, за сами да си ја определите удобноста во кој било момент. За луѓе кои спијат на стомак ги препорачуваме:

  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна;

3. Ако вообичаено спиете на страна

Одберете помек душек, за да ги заштитите рамената, колковките и глуждовите. Спиењето на премногу цврст душек, во оваа положба, може да ја попречи нормалната циркулација на крвта, што ќе доведе до зачестено превртување, па дури и будење.

Дормео ви ги препорачува овие душеци:

Средно цврст и мек - душек со 2 во 1 променливо јадро

  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна;

4. Ако вообичаено спиете во комбинирани положби

Ве советуваме да одберете душек со променливо јадро, со две страни, каде што едната страна е помека од другата.

Дормео ви ги препорачува овие душеци:

  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна;

Одберете душек според неговата цврстина

Овој важен критериум за избор е сличен со претходниот и се однесува на вашите индивидуални потреби за помек или поцврст душек.

  1. Цврст душек
  2. Средно цврст душек
  3. Мек душек
1. Ако ви е потребен позатегнат, поцврст душек

Одберете од поцврстите материјали, кои исто така се и добро проветреним како што е Ecocell®. Овој напреден материјал обезбедува целосна поддршка за ’рбетот, а во исто време добро дише, гарантирајќи ви ја потполната удобност што ви е потребна при спиење.

Дормео ви ги препорачува овие душеци:

  • Алое Вера: Ортопедски душек направен од Ecocell®, збогатена со влакна од алое вера;
  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна;
2. Ако ви е потребен средно цврст душек со поголема мекост

Одберете душек направен од Ecocell ® пена, со дополнителен слој од помек материјал, кој нежно ќе го обвитка вашето тело со топлина и удобност. Најдобриот избор достапен на пазарот е термички чувствителната, потполно флексибилна мемори пена, која има благопријатни ефекти на телото, ја намалува болката во грбот и дава бестежинско чувство.

Дормео ви ги препорачува овие душеци:

  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна;
3. Ако ви е потребен мек душек

Одберете душек со подебел слој мемори пена, федери од пена или екстремно мек и флексибилен, природен Talalay латекс. Друга можност се душеците со променливо јадро, со една мека и една цврста страна.

Дормео ви ги препорачува овие душеци:

  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна;

Одберете душек според болките во грбот

Ако имате проблеми со болки во грбот, треба да одберете соодветен душек, со препорака од вашиот лекар или фармацевт. Сепак, ви подготвивме општи правила, кои ги земаат предвид најчестите проблеми.

Ако страдате од болки во половината, тогаш одберете поцврст душек што обезбедува добра потпора за ’рбетот, во соодветна ергономска положба. Вистинскиот избор за вас е душек со висок ортопедски рејтинг.

Дормео ви ги препорачува овие душеци:

  • Алое Вера: Ортопедски душек направен од Ecocell®, збогатена со влакна од алое вера;
  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна;

Одберете душек според тоа дали страдате од алергии

Сите Дормео душеци се заштитени со CleanEffect® impregnation, долготрајна антиалергиска и антибактериска заштита. За максимална заштита од алергиски реакции, материјалите кои се коирстат при изработка на душеците Дормео, поради нивната структура, се отпорни на колонизација од прашински грини.

Одберете душек според тоа дали често се потите при спиење

Ако многу се потите додека спиете, тоа претставува болка што ја делат голем број луѓе. Ви препорачуваме да одберете душек со антипреспирантни и антибактериски својства:

  • Додадени сребрени влакна за антибактериско својство, што спречува создавање непријатни миризби;
  • Додадени бамбусови влакна кои служат како природен дезодоранс, затоа што бамбусот впива 4 пати повеќе влага отколку памукот. Оттаму, душекот со додадени бамбусови влакна останува свеж додека спиете и го олеснува проблемот со потењето.

Дормео ви ги препорачува овие душеци:

  • iMemory Silver: Душек со 3 зони, направен од Ecocell® пена, со дополнителен слој терморегулативна iMemory мемори пена и сребрени влакна.

Дали сте наклонети кон најновата технологија?

Тогаш имаме нешто за вас. Најновата технологија во светот на душеците, федери од пена – нешто што ќе ве кутне на земја. Многу отпорни, удобни и потполно различни од сите други душеци на пазарот – ова е Дормео Октаспринг!

Сакате да го проверите душекот? Потребни ви се летвички или перница?

Можете да ги погледнете сите душеци Дормео доколку кликнете овде, каде што има детални описи на сите достапни производи. Дали би сакале да купите нова перница, но не знаете која? Кликнете овде за да го погледнете водичот за производи: „Како да ја одберете вистинската перница“. Ако ви е потребна помош при изборот на летвички за кревет, не заборавајте на водичот за производи: „Како да ги изберете вистинските летвички“.

За да го комплетирате изгледот на вашата спална соба и да создадете пријатна атмосфера за спиење, ве покануваме да ја разгледате палетата разнобојни ќебиња, прекривки и постелнина. Не заборавајте ниту на модерниот, атрактивен мебел, кој сигурно ќе ги импресионира и најпребирливите клиенти!

Имате прашања?

Ако сè уште имате прашања, тогаш ве повикуваме да се јавите на нашите Дормео Консултанти, на телефонски број 02 3094-552. Тие со задоволство ќе ви помогнат да го одберете производот што е совршен за вашите потреби.