КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Мемори пена – за исклучително чувство кога ќе легнете

Веројатно веќе сте чуле повеќепати за мемори пената – револуционерен материјал кој, поради своите исклучителни карактеристики, може да се користи за производство на повеќе нешта. Веќе можеме да го сретнеме во чевли, автомобилски седишта, па дури и во долна облека. Сепак, најчесто се среќава во душеците.

Веројатно веќе сте чуле повеќепати за мемори пената – револуционерен материјал кој, поради своите исклучителни карактеристики, може да се користи за производство на повеќе нешта.

Веќе можеме да го сретнеме во чевли, автомобилски седишта, па дури и во долна облека. Сепак, најчесто се среќава во душеците.

Првично направен за вселенски летови – денес е најпопуларниот материјал за спиење

Приказната за мемори пената започна во блиското минато, кога НАСА беше во потрага по соодветен материјал кој ќе го намали притисокот врз телата на астронаутите при нивното лансирање во орбита.

Па така, на почетокот на седумдесеттите, истражувачкиот центар на НАСА дизајнираше материјали кои имаа за цел да ги заштитат астронаутите од гравитациските сили при лансирањата. Клучот за нивниот успех беше високо технолошкиот материјал – вискозно-еластичната мемори пена, која има способност да се приспособи на формата на различните тела, а по намалување на притисокот, да се врати во оригиналната форма.

Од вселенските летала во нашите кревети

Поради позитивниот ефект кој мемори пената го имаше при намалување на притисокот од гравитациските сили, наскоро започна да се користи во медицинскиот третман на неподвижните пациенти, за олеснување на притисокот на нивните рани и воопшто на целите тела кои постојано се во лежечка положба. Извонредните карактеристики на мемори пената значеа и брзо проширување насекаде низ светот. Денес, главно се користи во насока на подобрување на спиењето и квалитетот на животот на луѓето.

Мемори пената Ви дава чувство дека лебдите и го обвиткува Вашето тело во удобност

Во Дормео, веќе со години сме фокусирани на напорот за развивање душеци направени од мемори пена. За да им обезбедиме на потрошувачите квалитетно спиење и оптимална удобност, создадовме удобна мемори пена која рамномерно ја распределува тежината на телото по целата површина.

Душек со јадро од мемори пена во целост се прилагодува на формата на Вашето тело и неговата температура и ја намалува напнатоста. Штом ќе се намали притисокот врз телото, се подобрува циркулацијата, затоа што телесните течности можат слободно да протекуваат низ организмот, без да се создава дополнителен притисок врз капиларите. Оттаму, душеците од мемори пена се особено погодни за луѓето кои страдаат од болки во долниот дел од грбот, вратот, колковите итн. Овие душеци имаат смирувачки ефект на бремените жени и оние кои имаат проблеми со спиењето поради постојано превртување во текот на ноќта.

Мемори пената се прилагодува на Вашата форма и температура – исто како да спиете на облак!

Мемори пената е направена од вискозно-еластична пена со структура на отворени ќелии. За разлика од другите пени, таа има поголема густина и е чувствителна на температурни промени.

Тоа значи дека поради уникатната структура, совршено се прилагодува на формата и тежината на телото, но штом притисокот ќе се отстрани, мемори пената полека се враќа во оригиналната форма.

Исто така се приспособува и на телесната температура, па така во текот на спиењето ќе престанете да ја чувствувате површината на душекот, а наместо тоа ќе бидете завиткани во удобност.

Мемори пената, во комбинација со потврд материјал, создава совршена подлога за спиење

Мемори пената во суштина е премногу мека за да биде соодветна за целосната конструкција на душек, па затоа се додаваат потврди материјали за да се обезбеди потпора за телото и ергономски правилна положба за ’рбетот. Овој материјал вообичаено е флексибилниот, издржлив Екоцел®.

Мемори пената е достапна во повеќе Дормео душеци

Во палетата на Дормео, постојат душеци со различна дебелина на мемори пената:

Среден слој мемори пена од 3,5 сантиметри

  • За оние кои сакаат да ги искусат предностите од мемори пената на душеците кои веќе ги имаат, го создадовме Дормео Рињу, душек дебел 3,5 сантиметри, направен од мемори пена. Овој мек душек со тенка прекривка која се отстранува, ги обновува тврдите или истрошени душеци и Ви ја овозможува предноста да спиете на мемори пена. Заедно со душекот добивате и подарок – перница направена од мемори пена. Проверете ја понудата, кликнете овде.