Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Дали уште наутро Ви недостига доволно енергија за денот?

Решението лежи во квалитетното спиење! Спиењето е дел од животот и, исто како дишењето и јадењето, е клучно за одржување на здравјето. Нашата физичка и ментална благосостојба зависи од дневното ниво на стрес и квалитетот и квантитетот на одморот. За да се одржат нормалните функции, мора да им овозможиме на нашите тела соодветна регенерација. Обично денот ни се уништува доколку не се наспиеме доволно. Тогаш сите задачи изгледаат претешки, чувствуваме тежина, а често лошото расположение го пренесуваме и на луѓето околу нас.

Решението лежи во квалитетното спиење! Спиењето е дел од животот и, исто како дишењето и јадењето, е клучно за одржување на здравјето. Нашата физичка и ментална благосостојба зависи од дневното ниво на стрес и квалитетот и квантитетот на одморот. За да се одржат нормалните функции, мора да им овозможиме на нашите тела соодветна регенерација.

Обично денот ни се уништува доколку не се наспиеме доволно. Тогаш сите задачи изгледаат претешки, чувствуваме тежина, а често лошото расположение го пренесуваме и на луѓето околу нас.

Зошто спиењето е толку важно?

  • За време на спиењето се излачува хормон за растење, кој е важен за нормалното функционирање на имунолошкиот систем;
  • За регенерација на мускулното ткиво;
  • За одржување на нормалната функција на нервниот систем;
  • Мозокот исто така се одмара за време на спиењето. Времето го користи за складирање, обработка и архивирање на спомените. Во текот на спиењето, мозокот собира енергија.

Според тоа, квалитетното спиење е клучно за работните перформанси, здравјето и општата благосостојба. Ако не спиете доволно, можете и да се разболите.

Поради недостиг на спиење, можете да бидете постојано уморни и иритирани

Несоницата и нередовното спиење влијаат врз работните перформанси и Вашите физички и ментални способности. Веќе Ви се познати последиците од бессоните ноќи: замор, иритација, неспособност за концентрирање, дури и агресивност. Сето ова е придружено од физички ефекти: главоболка, болки во вратот, ’рбетот и во други делови од телото. Кај некои луѓе доаѓа и до промена во изгледот, поради тоа што им се јавуваат проблеми со кожата, се создаваат брчки итн.

Како да ја задржите позитивната енергија во животот со помош на Дормео душек?

Нашите душеци се дизајнирани за опуштање на мускулите, за правилно поставување на ’рбетот и Ви овозможуваат максимална удобност. На удобен душек кој се приспособува на Вашите потреби, лесно и бргу заспивате, а сонот е подлабок и подолг. Сево ова е загарантирано од врвниот квалитет на Дормео душеците, кои имаат бројни позитивни карактеристики:

1. Сите Дормео душеци се анатомски и ортопедски

Дормео душеците се екстремно удобни и се прилагодени на потребите на модерните луѓе. Јадрата на душеците се изработени од најдобрите сировини кои во целост се приспособуваат на Вашето тело додека спиете, за да не чувствувате притисок на Вашето тело. Душеците Ви обезбедуваат правилна положба на телото, со што се спречува појавата на болки во грбот, вратот и колковите.

Сите Дормео душеци се ортопедски и анатомски, па така можете да го одберете оној кој најмногу им одговара на Вашите потреби.

2. Душеците се заштитени од прашински грини, бактерии и габи

Дормео душеците го штитат Вашето здравје од прашински грини, бактерии и габи. За дополнителна заштита, во најголемиот дел од нашите душеци има додадено хипоалергенски слој силикон, веднаш под горната прекривка.

Според тоа, Дормео душеците особено се препорачливи за луѓето кои страдаат од астма и алергии.

3. Resistat® третманот спречува акумулација на статички електрицитет

Луѓето често се поместуваат за време на спиењето, подместувајќи си ги перниците и ќебињата. Ова движење, во контакт со подлогата, многу често ослободува статички електрицитет, кој има негативно влијание врз нашето здравје. Статичкиот електрицитет се јавува во форма на искри кои се болни и крајно непријатни.

Поради тоа, најголем дел од прекривките на Дормео душеците се збогатени со Resistat® јаглеродни влакна кои го празнат статичкиот електрицитет. Оттаму, веќе не морате да искусувате непријатни изненадувања додека спиете. Дополнително, Resistat® исто така штити и од прав и прашински грини.

4. Душеците Дормео дишат

Добрата вентилација е основа за доброто спиење и долгиот животен век на душекот. Различните материјали кои се користат за изработка на душеците Дормео се екстремно порозни за воздухот и имаат голема способност за вентилација. Екоцел®, Ултралатекс итн., имаат уникатна структура која овозможува воздухот да поминува низ нив многу лесно и поради тоа без проблеми се ослободуваат од вишокот влага. Па така, Вашиот душек ќе остане сув, што ќе Ви овозможи да се опуштите на душек кој Ви дава чувство на свежина, секоја вечер.

Употребата на основа за кревет со летвички е неопходна, за да се максимизира способноста на душекот да дише и со тоа да се осигури добрата вентилација, како и испарувањето на влагата која ја излачуваме во текот на спиењето.

5. Напредна технологија и сировини

Нашите душеци се изработени од технолошки напредни и еколошки сировини кои се погодни за рециклирање.

Обезбедете си живот полн со енергија и страст

Квалитетното спиење е предуслов за позитивна енергија во Вашиот живот. Не можете да ги контролирате факторите како: работата, стресот и другите товари, но можете да направите нешто за да бидете сигурни дека местото на коешто спиете ќе Ви биде екстремно мирно, ќе Ве релаксира и ќе има смирувачки ефект врз Вас. Одберете го нивото на удобност кое најмногу Ви одговара и ќе се погрижите за чувствата, здравјето и енергијата – кликнете овде за да го одберете Вашиот Дормео душек!