КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Кои се предностите на Дормео душеците?

Дормео е повеќе од само душек - 8 години Дормео е синоним за удобен сон и среќно и релаксирано живеење. Нашата мисија е да го подобриме местото за спиење на секој човек. Со оглед на нашата посветеност, брендот Дормео стана еден од најпопуларните брендови душеци во Македонија.

Дормео е повеќе од само душек - 8 години Дормео е синоним за удобен сон и среќно и релаксирано живеење. Нашата мисија е да го подобриме местото за спиење на секој човек.

Со оглед на нашата посветеност, брендот Дормео стана еден од најпопуларните брендови душеци во Македонија.

Дормео производите се направени според индивидуалните потреби и нудат максимално уживање, без разлика каде сте или што правите.

Дозволете ни да Ви ги претставиме бројните предности на Дормео душеците

Во Дормео сме свесни за важноста на здравјето. А здравјето во голема мера зависи од квалитетот на спиењето. Дормео душеците обединуваат повеќе позитивни карактеристики кои ја олеснуваат болката и нежно Ве успива. Секоја точка објаснува една карактеристика што го одделува душекот Дормео од сите останати.

1. Сите Дормео душеци се анатомски и ортопедски

Дормео душеците се исклучително удобни и им одговараат на потребите на модерните луѓе. Јадрата на душеците се изработени од најквалитетни материјали кои во целост се приспособуваат на Вашето тело, па така не постојат тврди површини кои ќе го притискаат на Вашето тело додека спиете. Душеците помагаат во правилното позиционирање на телото и со тоа спречуваат болки во грбот, вратот и колковите.

Сите Дормео душеци имаат етикета на која е означен ортопедскиот и анатомскиот рејтинг, за секој човек да може да го одбере најсоодветниот душек, според своите потреби.

2. Душеците се заштитени од прашински грини, бактерии и габи

Дормео душеците го штитат Вашето здравје од прашински грини, бактерии и габи. Според тоа, Дормео душеците се особено препорачливи за астматичарите и оние што страдаат од алергии.

3. Дополнителна заштита од алергии

Поставивме хипоалергенски силиконски слој во најголемиот дел од нашите душеци, што дава дополнителна заштита од прашински грини, бактерии и алергенси.

4. Resistat® заштита за мирни ноќи без звуци на пукање и искри

Луѓето често се превртуваат во спиење, подместувајќи ги перниците и ќебињата. Ова движење, во контакт со подлогата многу често создава статички електрицитет, што негативно влијае врз здравјето. Статичкиот електрицитет се јавува во форма на искри, кои се болни и непријатни.

Најголемиот дел Дормео покривки за душеци се збогатени со јаглеродни влакна (Resistat®), кои го празнат статичкиот електрицитет. Оттаму, веќе нема да искусувате непријатни изненадувања додека спиете.

Уште повеќе, Resistat® Ве заштитува и од прав и прашински грини.

5. Дормео е во склад со природата

Во производниот процес на нашите душеци, се трудиме да ги користиме најквалитетните материјали кои се нежни за кожата и Вашето здравје. Во палетата Дормео производи, ќе најдете памук, бамбус, соја, сребро, алое вера, природен латекс, итн., во комбинација со внимателно одбрани вештачки материјали кои се пријатни за луѓето што страдаат од алергии, за да се создаде совршено место за спиење.

6. Дормео душеците дишат

Добрата вентилација е основа за доброто спиење и долговечноста на душекот. Различните материјали кои се користат во производството на Дормео душеците, екстремно добро пропуштаат воздух и одлично дишат. Екоцел®, Талалај, Ултралатекс итн., имаат уникатна структура на ќелиите, која овозможува воздухот лесно да поминува низ нив и на тој начин се ослободува од вишокот влага. Според тоа, Вашиот душек останува сув, овозможувајќи Ви да потонете во душекот, кој Ви дава чувство на свежина, секоја вечер.

Употребата на основа за кревет со летвички е неопходна за максимизација на способноста на душекот да дише затоа што се осигурува добрата вентилација и отстранувањето на вишокот влага што го излачуваме во текот на спиењето.

7. Користиме еколошки материјали

Дормео душеците се направени од технолошки напредни и еколошки материјали кои се погодни за рециклирање. Постојано научно ги подобруваме нашите материјали, за нашите производи и нивното производство да обезбедат почиста иднина за нашата планета.

8. Гаранции

Сите Дормео душеци имаат повеќегодишна гаранција која важи за јадрото, а не само за покривката на душекот. Возможно е да се добие гаранција од 12 до 15 години за јадрото од Вашиот душек во зависност од видот; покривките од душеците имаат гаранција од една година.

Ако забележите несакани промени во текот на гарантниот период, нашите консултанти ќе Ви помогнат за поправање на проблемот или пак замена на душекот со нов доколку тоа е неопходно.

9. Ги испорачуваме нашите Дормео душеци до Вашата спална соба

Поставувањето тежок или голем душек врз основа за кревет може да биде многу стресно. Кога ќе купите Дормео душек, нашите консултанти го испорачуваат до Вашиот дом и го поставуваат на Вашата основа за кревет. За само неколку часа можете да го наместите креветот и мирно да заспиете на него.

10. Можност за 30-дневна бесплатна проба

Одбирањето на вистинскиот душек не е лесно. Можете да одредите дали душекот е навистина погоден за Вас единствено откако ќе спиете на него неколку недели. Само тогаш ќе можете да го потврдите неговото влијание на Вашето здравје и благосостојбата.

Токму затоа, во Дормео, Ви нудиме ексклузивна можност за непрекината употреба на душек цели 30 дена. Доколку Дормео душекот не ги исполни Вашите очекувања, можете да ни го вратите, а ние ќе Ви го вратиме полниот износ, без да Ви побараме дополнително објаснување. (Ова не важи за душеците кои се изработени по нарачка)