КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Дормео душеци: Речник на користени изрази

На нашата веб-страница сте забележале термин и не сте биле сосема сигурни за неговото значење? За подобра транспарентност и за да Ви помогнеме при одлуката за купување, подготвивме речник на помалку користени изрази.

Алергенс

Алергенс е микроскопска честичка која навлегува во телото и го нарушува имунолошкиот систем. Алергенсите можат да бидат од природно потекло или пак хемиски супстанци. Најпознатите природни алергенси се: куќниот прав, поленот, прашинските грини и нивниот измет.

Алое вера

Алое е неверојатно растение кое има смирувачки ефект на телото. Тоа има анти-алергиски и анти-бактериски својства. Ги уништува габите и ги смирува воспаленијата. Исто така ја стимулира функцијата на имунолошкиот систем, ги лечи раните, го забавува процесот на стареење и создавањето брчки и го поттикнува процесот на регенерација на кожата.

Анатомски

Анатомските душеци и перници обезбедуваат одличен степен на удобност и се пријатни за зглобовите, лигаментите и мускулите. Високиот анатомски степен значи дека душекот и перницата совршено ќе се прилагодат на природната форма на телото.

Анти-алергенско силиконско полнење

Ова е тенок слој вештачки материјал кој наликува на типичното полнење на душеците. Го има во најголемиот дел душеци Дормео, затоа што го штити јадрото од нечистотија и прашински грини.

Бамбус

Бамбусот е целулозно влакно направено 100 проценти од бамбусово стебло. Бамбусовите влакна се еколошки чист материјал, помек од памукот, но посилен од синтетичките влакна. Во летните месеци помага при ладењето на кожата, отстранувањето на влагата од душекот и во исто време отстранување на непријатните мириси. Во студените месеци, бамбусот одржува пријатна топлина и помага во регулирање на телесната температура.

Дер п-1

Дер п-1 е технички термин за алергенсот кој најчесто може да се сретне во душеците, јорганите и перниците, како и во мекиот мебел, ќилимите и завесите. Го создаваат прашинските грини (Dermatophagoides Pteronyssinus) кои се гнездат во незаштитените душеци и постелнината и ги користат овие места за размножување. Нивниот измет и остатоците од мртвите прашински грини со текот на времето се претвораат во невидлив прав што предизвикува алергиски реакции кај оние што страдаат од алергии и астма и значително го отежнуваат спиењето. Еден незаштитен душек е дом на 10 милиони прашински грини и токму затоа заштитата е клучна за здравото спиење за сите што страдаат од алергии и астма, а особено за децата.

Душек со повеќе зони

Душекот со повеќе зони има специјална структура која се приспособува на анатомските карактеристики на телото. Одредени делови од телото се потешки од другите и затоа им е потребна поголема потпора, додека на полесните делови од телото им е потребна помека површина. Следствено на тоа, најцврстиот дел од душекот е средината, каде што телото се одмора, додека деловите кај главата и нозете се помеки. Душекот има три зони кои совршено се приспособуваат на формата и тежината на телото.

Ecocell

Ecocell е напреден, современ, синтетички, еластичен материјал, кој се истакнува поради цврстината, одличната приспособливост и вентилацијата. Штити од алергенси, хигиенски е, лесен и еколошки, со оглед на тоа што е погоден за рециклирање.

Ecogreen

Ecogreen е материјал што е дизајниран со цел да се заштити животната средина и намалување на употребата на синтетички материјали. Во неговата основа се наоѓа Ecocell, издржливиот, еластичен материјал од новата генерација кој дише; материјал што нуди совршена потпора за телото, а истовремено е истраен и лесен. Вообичаено Ecocell во целост се изработува од синтетички сировини, додека Ecogreen има подобрени еколошки карактеристики, со оглед на тоа што 30 проценти од синтетичките сировини се заменети со рициново масло. На овој начин, душекот станува поеколошки и има зголемени антибактериски својства.

Јаглеродни влакна

Јаглеродот е неверојатно издржлив материјал кој спроведува електрицитет. Може да се најде во покривката во форма на влакна и се користи за отстранување на статичкиот електрицитет што се создава во душекот.

LGA сертификат

LGA сертификатот гарантира дека Дормео основите за кревет со летвички имаат врвен квалитет и се безбедни. Годишните инспекции обезбедуваат редовно тестирање и контрола на производите.

Мемори пена

Мемори пената е иновативен материјал развиен од НАСА за олеснување на притисокот од телата на астронаутите при патувањата во вселената. Набргу по откривањето на неверојатните терапевтски карактеристики, мемори пената го најде својот пат до производството на душеци. Мемори пената се приспособува на Вашата телесна температура, нежно ги потпира главата, рамената и вратот додека спиете и не создава притисок на често болните точки кои се наоѓаат во вратот.

Во споредба со вообичаената пена, ќелиите во мемори пената се компресираат со секое притискање. Штом притисокот ќе се отстрани, пената полека се враќа во оригиналната форма. Оваа карактеристика за бавно враќање во оригиналната форма, на пената ѝ дава терапевтски својства, затоа што поради еластичноста не создава притисок врз телото.

Негативни јони

Негативните јони се невидливи честички во воздухот кои имаат негативен електричен полнеж. Поголем број може да се најде во природата – во шумите, покрај мориња, реки, водопади итн. Нивното присуство во затворен простор е мало и дополнително намалено од бројните електронски уреди кои создаваат честички со позитивен полнеж. Позитивните јони имаат негативен ефект на нашата благосостојба, предизвикуваат замор и главоболка, додека негативните јони помагаат во подигнување на расположението и имаат освежувачки ефект.

Негативните јони испуштени од јонизаторите ги суспендираат позитивните јони (во форма на прав, чад, електромагнетен смог) за да паднат на подот. На тој начин воздухот се чисти и дишењето се олеснува. Јонизаторите особено се препорачливи за оние што страдаат од алергии, за користење во спалните соби во кои има телевизор и во домовите каде што се пуши.

Ортопедски

Душек со ортопедски карактеристики нуди поголем степен на потпора. Високите ортопедски нивоа значат дека душекот е цврст и дека гарантира совршена потпора за ’рбетот, рамената, колковите и петите

Прашински грини

Прашинските грини се ситни аракниди (со големина од 0,1 до 0,5 милиметри), невидливи за човечкото око. Омилено место за гнездење им се душеците, мекиот мебел, перниците, меките играчки, јорганите и завесите; накусо – местата каде што добиваат доволна количина храна, влага и можат добро да се сокријат. Прашинските грини се проблем што предизвикува особена загриженост за оние кои страдаат од алергии или астма, со оглед на тоа што нивниот измет во форма на ситен прав (алергенс) предизвикува солзење, затнување на носот и кивање и кашлање.

Resistat

Resistat заштитата го отстранува статичкиот електрицитет што се создава на душекот. Тоа го прави со помош на специјалните јаглеродни влакна, со оглед на тоа што јаглеродот спроведува електрицитет. Јаглеродните влакна го собираат статичкиот електрицитет и го заземјуваат со помош на вшиената жица која е поврзана со заземјен елемент (на пример – радијатор). Како резултат на тоа, прашинските грини и честичките прав не се собираат во душекот. На тој начин, Resistat помага во спречување на алергиите и ја подобрува општата благосостојба.

Sanitized

Sanitized е интернационално призната процедура која се користи за заштита на ткаенини од разни микроорганизми. Текстилот третиран со Sanitized е долгорочно заштитен од прашински грини и развој на бактерии и габи. Гарантирана е и максимална заштита од алергенси.

Ознаката Sanitized ги разликува текстилот, душеците и постелнината од конкуренцијата и гарантира подобар квалитет и поголема вредност.

Сребро

До пред само неколку години, употребата на сребро во козметиката, производството на душеци или слични производи изгледаше невозможна. Сепак, среброто кое вообичаено се користи како накит, за изработка на монети и огледала, влезе и во производството на душеци, поради своите извонредни својства. Зошто?

Поради позитивните ефекти на здравјето и благосостојбата, среброто е идеално за спиење и одмор затоа што:

  • Има анти-бактериски својства; сребрените јони се врзуваат со ензимите од клеточните ѕидови на бактериите, што значително го намалува нивното размножување;
  • Спречува развој и задржување на непријатните мириси;
  • Го регулира потењето и акумулацијата на влага;
  • Тоа е добар проводник затоа што го одбива несаканиот статички електрицитет;
  • Ја регулира телесната температура преку одржување и постепено испуштање на топлината создадена од телото.

Сребрените влакна кои се содржат во душеците Дормео Силвер и Дормео Мемори 2+12 Силвер, се вткаени во одделни влакна од покривката, на тој начин што е овозможено задржување на вообичаените својства на ткаенината, правејќи ги подеднакво меки колку и другите текстилни влакна.

Статички електрицитет

Статичкиот електрицитет се создава поради зголемениот електричен полнеж на површината од креветот (душек, јорган итн.). Кога се поместуваме или превртуваме и два предмети разменуваат електричен полнеж, тој полнеж се ослободува во форма на искри. Ова може да биде многу непријатно, затоа што искрите можат да бидат болни. Јаглеродните влакна се добри за отстранување на статичкиот електрицитет.

Ќелијна структура

Ecocell е еден од најважните материјали во производството на Дормео душекот и е направен од микроскопски ќелии (слично како стиропорот). Ќелиите се насочени во сите насоки (тродимензионално распоредени) и овозможуваат непречен проток на воздух, со што го спроведуваат вишокот влага, одржувајќи го душекот сув и удобен.

Ultralatex

Ultralatex беше развиен како резултат на обемните истражувања и соработката помеѓу ортопедите и технолошките експерти. Заедно тие успеаја да развијат високо еластичен материјал кој е цврст, проветрен и се приспособува на телото. Ultralatex ги има сите својства на природниот латекс, плус анти-алергиски својства, благодарение на специјалниот третман.

Фиренски шев

Методот на фиренски шев се користи во изработката на сите покривки на Дормео душеците, што значително придонесува за поголема издржливост и подолг животен век. Фиренскиот шев следи цик-цак линија и цврсто ги сврзува влакната овозможувајќи долга употреба на душекот.