КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Технологијата се движи напред

Технологијата се движи напред – напредните материјали ги заменуваат застарените федери во душеците

Технологијата се движи напред – напредните материјали ги заменуваат застарените федери во душеците

На традиционалните душеци кај кои федерите потпираат само одредени делови од Вашето тело, Вашето тело не може да се опушти толку добро колку што може на душек направен од разни видови обработени пени или латекс. Во споредба со душеците со федери, овие технолошки напредни душеци имаат способност да се адаптираат за да обезбедат потопра за секој дел од Вашето тело. Поради тоа Ви овозможуваат да спиете подолго, да имате подлабок сон, без при тоа често да се превртуваме и да ја променувате положбата.

Важно е да се заштитите од прашинските грини

Традиционалниот душек е многу гостопримлив дом за цели колонии прашински грини кои се хранат од остатоците од човечката кожа и кои се главна причина за појавата на алергии и респираторни проблеми.

Истражувањата покажаа дека традиционален душек стар две години содржи околу два милиони мртви и живи прашински грини кои создаваат невидлив облак од прав кога и да се превртите. За разлика од традиционалните душеци, прашинските грини не се размножуваат на душеците направени од вештачки пени или латекс.