Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Вистини и заблуди за мемори пената

Несомнено, сте чуле за мемори пената. Веројатно, најчесто тој поим се сврзува со душеци. Ако сте скептични околу својствата на мемори пената, прочитајте дел од вистините и заблудите кои циркулираат за овој иновативен материјал. Ќе бидете изненадени. Прочитајте ги осумте карактеристики на мемори пената кои доведоа до тоа таа да го освои светот и спалните на милиони луѓе.

Несомнено, сте чуле за мемори пената. Веројатно, најчесто тој поим се сврзува со душеци. Ако сте скептични околу својствата на мемори пената, прочитајте дел од вистините и заблудите кои циркулираат за овој иновативен материјал. Ќе бидете изненадени.

Мемори пената е модерен, технолошки напреден материјал кој е направен од мека, полиуретанска пена. Мемори пената, според тоа, е вештачки материјал, но има многу предности кои природните материјали ги немаат. Сигурно е дека природата ни одблизу нема создадено материјал со сите карактеристики на мемори пената.

Осумте карактеристики на мемори пената кои доведоа до тоа таа да го освои светот и спалните на милиони луѓе

Поради уникатните карактеристики на мемори пената, таа стана екстремно популарна во производството на душеци и перници, со оглед на тоа што ниту еден материјал нема слични карактеристики како мемори пената:

  • Специфичната, отворена структура овозможува испарување на влагата и регулација на топлината;
  • Издржливата, еластична структура овозможува пролонгирана употреба, без промнеа на квалитетот;
  • Отпорност на притисок;
  • Екстремно е флексибилна, со што се обезбедува соодветно поставување на телото;
  • Таа е негостопримлива средина за прашински грини и бактерии;
  • Обезбедува соодветна потпора за телото и дава чувство на лебдење;
  • Наместо да создава притисок врз одредени делови од телото, се приспособува на нив;
  • Пената е лесен материјал, па според тоа полесна е за употреба.

Мемори пената значително го подобрува спиењето и квалитетот на живеењето

Факт е дека на некои луѓе им се допаѓа мемори пената, а на други не – сепак, не постојат двајца исти луѓе, па според тоа, невозможно е да се рече дека мемори ќе ги задоволи сите. Со сигурност можеме да кажеме дека најголем дел од оние што спијат неколку дена на мемори пена, велат: „Спијам одлично откако сум на мемори пената. Да провериме зошто“.

Неколку едноставни вистини за мемори пената

1. Мемори пената се приспособува на Вашето тело и не создава точки на притисок додека спиете

Многу корисници на мемори пена потврдија дека спиењето на душек или перница од мемори пена ја намалува болката, особено во грбот, колковите, вратот и рамената.

Болката во тие делови од телото се намалува бидејќи мемори пената е чувствителна на температура и тежина, па оттаму се намалува притисокот токму на оние точки што обично се под најголем притисок кога лежите на душек или перница.

Многумина пријавија и намалени болки во долниот дел од грбот, откако спијат на мемори пена.

2. Мемори пената ги апсорбира движењата на партнерот врз душекот

Душеците од мемори пена се идеални за двојни кревети или пак секој кревет на кој спијат двајца. На традиционален душек можете да го почувствувате секое движење што ќе го направи партнерот, но мемори пената ги апсорбира движењата толку добро што речиси нема ни да бидете свесни дека постојат.

3. Помалку алергии – подобар сон

Голем број корисници на мемори пена пријавија дека им се намалил бројот на алергиски напади откако спијат на мемори пената. Прашинските грини не сакаат вештачки материјали, па затоа не создаваат колонии во душекот, што може да доведе исчезнување на една од причините за алергиски напади.

4. Мемори пената е достапна

Сопствениците на душеци и перници од мемори пена се многу задоволни од овој чудесен материјал, затоа што има достапна цена, а истовремено и долг животен век.

Најпосле, најчестите заблуди

Поради големата распространетост, мемори пената е честа тема на дискусии по форуми и разни интернет сајтови. Да ги разгледаме поплаките и да понудиме решенија на дел од проблемите, доколку воопшто може да се наречат проблеми!

1. Поради чувствителноста на температура, на мемори пената се потите многу. Неточно!

Чувствителноста на температура е една од најголемите предности на мемори пената затоа што токму поради оваа карактеристика, мемори пената се „топи“ на Вашето тело (како восок на жежок шпорет). Мемори пената ја апсорбира телесната температура и останува топла додека лежите на неа, по што се лади и станува потврда.

Топлината и удобоноста на мемори пената е предност во зима, но се мисли дека го зголемува потењето во лето. Сепак, мемори пената има специфична структура која овозможува одлична вентилација, па според тоа, причината за зголеменото потење лежи на друго место.

Многумина ја користат истата прекривка во текот на целата година, иако е премногу топла за во лето. Заменете ја прекривката со тенко ќебе и зголеменото потење ќе престане.

2. Мемори пената има специфична миризба, нели? Точно – но само неколку дена.

Мемори пената навистина има специфична миризба која вознемирува многумина. Исто така е точно дека миризбата исчезнува многу бргу, особено ако ја проветрувате спалната соба откако во неа ќе го поставите новиот душек или новата перница. Оттаму, миризбата нема да остане во собата туку комплетно ќе исчезне по неколку дена.

3. Потребно е долго време да се навикнете на мемори пената. Делумно точно.

Луѓето кои секогаш спиеле на класични душеци со федери пред да купат душек од мемори пена, можат да искуста бројни проблеми во периодот на приспособување.

Многумина се жалат дека душекот е премногу мек / тврд, па поради тоа имаат болки по целото тело кога ќе се разбудат, но исто така е интересно што нивното мислење во целост се менува по неколку дена. На телото навистина му е потребен одреден период да се приспособи на нов душек и материјалот од кој е направен, па оттаму може да бидат потребни неколку дена пред да искусите чувство на совршена удобност. Истото важи и за перниците од мемори пена.

Но, Ве уверуваме дека вреди да почекате бидејќи спиењето на мемори пената е нешто што навистина треба да се искуси.

4. Веќе не можам да спијам на други душеци откако спиев на мемори пена. Точно!

Задоволните корисници на душеците и перниците направени од мемори пена често велат дека им е многу тешко да заспијат на душеци / перници кои не се направени од мемори пена (на пример во хотели). Ова секако е точно.

Удобноста што ја нуди мемори пената не може да се постигне со друг материјал. Поради тоа Ви препорачуваме да ја носите мемори пената со себе, секаде каде што тоа е возможно – без разлика дали се работи за Дормео Рињу или Дормео Мемосан перницата – таа може да патува со Вас до секој дел од светот.