Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Што е потребно за квалитетно спиење?

Квалитетното спиење често се цени само кога го немате. Несоницата често е резултат на дефектен или несоодветен душек, несоодветна перница и несоодветна основа за кревет. За да се справите со тешкотиите на секојдневниот живот, мора да бидете одморени. Тоа ќе го постигнете единствено доколку местото за спиење Ви е удобно и пријатно за здравјето.

Квалитетното спиење често се цени само кога го немате. Несоницата често е резултат на дефектен или несоодветен душек, несоодветна перница и несоодветна основа за кревет.

За да се справите со тешкотиите на секојдневниот живот, мора да бидете одморени. Тоа ќе го постигнете единствено доколку местото за спиење Ви е удобно и пријатно за здравјето.

Дормео има сѐ што Ви е потребно за здраво место за спиење

За да спиете удобно, потребна Ви е соодветна основа што правилно ќе ги потпира главата и телото:

  • Квалитетен душек што овозможува неопходна потпора и удобност за Вашето тело
  • Перница што соодветно ќе ги потпре Вашите рамена, врат и глава
  • Летвички кои ќе овозможат вентилација и правилно поставување на душекот
  • Соодветно ќебе, покривка или постелнина.

Душек со врвен квалитет: основа за добро спиење без болки наутро

Секако, душекот е основа на секој кревет. Без добар душек, едноставно нема да можете да се наспиете, затоа што во долгите часови неудобно лежење на несоодветна површина, Вашето тело не се одмора, туку бара поудобна положба. Ова може да доведе до будење наутро во неосвежена и иритирана положба – што значи започнување на денот на погрешна нога.

Важно е да не се зема здраво за готово важноста на удобен и сигурен душек што се грижи за Вашето тело додека спиете. Дормео душеците може да ги погледнете ако кликнете тука. За помош при изборот Ве молиме прочитајте го водичот Како да го одберете правилниот душек.

Како внимателно одбраната перница може да Ви го подобри спиењето?

Доколку се одлучите да купите нов душек, а сепак користите перница со инфериорен квалитет, тоа нема да Ви го реши проблемот со спиењето. Уште повеќе, можете да предизвикате или да ги влошите Вашите проблеми со спиењето. Ако главата Ви е во неправилна положба, тоа може да предизвика болки во горниот дел од ’рбетот, вратот и рамената. Правилно одбраната перница ги опушта мускулите во вратот бидејќи тие веќе не мораат да се напрегаат додека спиете за да го намалат притисокот од рамената и горниот дел од ’рбетот.

Дормео перниците се развиени за одржување на правилната положба на вратот и главата и за максимална потпора. Можете да одберете помеѓу анатомски обликувани или пак класични, свилени перници. Сите тие се изработени од квалитетни материјали и се издржливи. Кликнете тука и одберете ја Вашата перница.

Доколку имате потешкотии при изборот на перница, Ви препорачуваме претходно да го прочитате водичот – Како да одберете перница.

Основа за кревет со летвички е потребна за да Ви овозможи целосна потпора на ’рбетот и добра вентилација за Вашиот душек

Основа за кревет со летвички е неопходна за да се обезбеди потполна удобност, соодветна потпора на телото и долговечност на Вашиот душек. Таа ќе спречи задржување на влага во душекот и со тоа значително ќе ја намали веројатноста за појава на бактерии или мувла.

Дормео основата за кревет со летвички овозможува здраво спиење бидејќи Ви дава потпора на телото во ергономска положба. За да ја видите Дормео основата за кревет со летвички кликнете овде.

Покривачот нека ја стопли и смири Вашата кожа

Шлагот на секој кревет е убавиот и топол покривач кој Ве завиткува во мекост и удобност. Во Дормео можете да одберете од големиот број покривачи изработени од памук, TENCEL®, меките Wellsleep® влакна и други материјали. Со толку богата понуда, лесно ќе можете да го најдете вистинскиот избор на покривач за Вашите потреби. Палетата покривачи можете да ја погледнете овде, а за да Ви помогнеме при изборот, можете да го прочитате водичот – Како да одберете покривач.

Во Дормео, главно сме фокусирани на Вашите здравје и благосостојба, па затоа создадовме решенија за здраво спиење кои се удобни и со пристапни цени.