КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Водич за споредба на перници

Изберете ја вашата совршена перница! За вас подготвивме едноставен водич кој ќе ви помогне да ја изберете соодветната Дормео перница за вас.

Чекор 1: Како да знаете дека е време за нова перница?

Спиењето на несоодветна перница може да ви предизвика главоболки, болки во вратот, рамената, отрпнување на рацете, неудобност, 'рчење, кивање, потешкотии при дишењето. Сето ова, може да предизвика и вртење во текот на ноќта и немирен сон.

Ние во Дормео ви препорачуваме да ја менувате вашата перница на секои 2 до 3 години, бидејќи можно е да содржат предизвикувачи на алергии како мувла, мртви клетки и прашински грини. Навлаките за перниците можат да ви помогнат да го продолжите траењето на вашата перница. Можете да ја тестирате перницата со тоа што ќе ја свиткате на половина. Доколку не се врати во првобитната положба, време е за нова перница.

Чекор 2: Изберете ниво на цврстина на перницата

Изберете едно од четирите нивоа на цврстина, во зависност од тоа како спиете. Еве 3 совети кои ќе ви помогнат во одлуката:

  • Ако спиете на грб, ви треба потенка перница, поради соодветна положба на главата.

  • Ако спиете на страна, ви треба поцврста перница која ќе ја пополни празнината од увото до рамото.

  • Ако спиете на стомак, можете да спиете на многу тенка, речиси рамна перница.

Чекор 3: Изберете го полнењето

Следниот најважен чекор е да го изберете полнењето на перницата. Дормео перниците се полнети со Мемори пена, Wellsleep микровлакна или други природни материјали како бамбусови влакна, мерино волна и др.

  • Wellsleep микровлакна

    Микровлакната Wellsleep се одлична алтернатива на пердуви од гуска, ќе ја направат перницата мека и ќе ја обликуваат според главата.

  • Мемори пена

    Мемори пената е цврста и ја задржува формата во текот на ноќта, дури и кога се вртите во кревет.

Дормео перниците ви ја нудат можноста да ја регулирате висината и цврстината и со тоа да ја направите совршена за вашето тело и положба на спиење. Само откопчајте го патентот на перницата и додадете или извадете дел од полнењето.

Споредете ги нашите перници и најдете ја совршената за вас

Се грижиме за перниците кои ги продаваме. Нашите експерти за спиење ги истражуваат перниците и ги избираат најдобрите од секоја категорија. Од Дормео можете да очекувате најниска цена и највисок квалитет.

Споредете ги сите перници:

Име на производот
Цени од
ЈадроEcocell© претставува специјална пена која е изработена за да се прилагоди на точките на притисок на телото. Одберете душек со Ecocell© или федери од пена изработени со наградуваната Octaspring® технологија.
Се пере во машина
положба на спиење
Цврстина на перница
Анти-бактериски третман
-50%

Редовна цена: 2.580,00 ден.


Специјална цена: 1.290,00 ден.

Wellsleep® напредни микровлакна
-54%

Редовна цена: 2.780,00 ден.


Специјална цена: 1.290,00 ден.

Wellsleep® напредни микровлакна