КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

5 малку познати факти за сонот (Гостински текст од Медо Димоски)

Малку познати во стилот на “пре би дискутирал/а за времето на прв состанок отколку за било која од 5-те точки” во страв соговорникот да не помисли дека немаш социјален живот и/или пишуваш блогови.

Малку познати во стилот на “пре би дискутирал/а за времето на прв состанок отколку за било која од 5-те точки” во страв соговорникот да не помисли дека немаш социјален живот и/или пишуваш блогови.

Сонот е права ствар. Се наоѓаш во удобен кревет, до тебе е саканата личност (најчесто во мислите) и полека почнуваш да ги забораваш тековните проблеми додека те обзема некое чувство на поспаност и безгрижност што најверојатно е последица на апчињата за алергија кои ги користиш како седатив кој може да се купи без рецепт.

Мислам види го мачево

Меѓутоа не е се виножита и еднорози, постојат многу интересни работи кои допрва ги дознаваме за сонот, од чиста причина што до пред 50-тина години било малку непријатно човек со бел мантил да те набљудува додека спиеш. Работи како:

 

5. Парализа

Низ историјата постои добро документирана состојба при спиeње која се манифестира како апсолутна неможност да се помрдне било кој дел од телото откако ќе се разбудите.

Во средниот век откако го исклучиле најлогичното објаснување за оваа појава,

Душо, не можам да се мрднам, ќе сакаш ли да ми направиш сендвич?

заклучиле дека такво зло може да настане само од една и единствена причина:

Демони што ти седат на гради

Оваа класична слика од XVIII век сосема случајно именувана како „Кошмарот“ најверојатно е уметнички приказ за нешто што денес го нарекуваме парализа при спиење.

Имено додека се наоѓаме во REM фазата од сонот, нашите мускули се парализираат за да спречат реално да го задавиш шефот додека го сонуваш истото. Во нормални ситуации откако ќе се разбудиме, се враќа контролата на мускулите и ние сме подготвени да го карпаме диемот. Фрката настанува кога свесниот дел ќе се разбуди, но парализата останува (не многу долго) и иако си свесен, не можеш да мрдаш или одиш на училиште, факултет, работа. Зашто мене не ми се случуваат вакви работи?

4. Делење на кревет

Луѓето во минатото мислеле дека добар дел од проблемите при спиење настануваат бидејќи го делиме креветот со демон. Денес знаеме дека тоа е апсолутно точно.

Сосема неповрзана слика

Има неколку работи во светот што ги земаме здраво за готово:

1. Кога си болен треба да пиеш Ц витамин

2. Ако си поп мора да возиш џип

3. Ако си во брак мора да делиш кревет

Спиење на кауч/во посебни кревети е првиот знак дека бракот се распаѓа.

Ти си крив што нашиот син слуша даб степ!

Меѓутоа историски гледано делењето кревет не било е толку честа појава. Благородништвото отсекогаш имало посебни простории за кралот и кралицата и трета посебна соба каде што се праќале желбите до штркот. Не само благородништвото, туку и обичниот човек имал многу повеќе квадрати и можност за повеќе спални од просекот на “Купи куќа, купи стан”.

Сето ова се менува со индустриската револуција (Македонија немала индустриска револуција, па ова и не важи многу за нашето поднебје), каде што селанецот е приморан да се сели во стан и да дели кревет со партнерот од економски причини. Во Америка дури и било забрането да се рекламира спиење во ист кревет пред 60-тите.

Иако е дискутабилно дали е добро или лошо делењето на брачниот кревет, многу парови денес избираат спиење во посебен кревет, бидејќи добар ноќен сон (без ‘рчење) е од особена важност за денешната секојдневна динамика.

3. Сегментиран сон

Сонот е како рекламите помеѓу турските серии. Сите ги гледаме, но бидејќи се нормален и досаден дел од нашето секојдневие, не им обрнуваме големо внимание. Освен ако не е нешто супер глупаво. Исто и со сонот, како што сме научени дека мора да има пауза помеѓу Шехерезад и Онур (не сум многу во тек), така здраво за готово го земаме фактот дека добар сон трае 8 часа.

Шефе ноќва спиев само 7 часа и 50 минути, нема да дојдам на работа денес.

Во минатото кога немало светилки и интернет луѓето обично легнувале кога заоѓало сонцето, спиеле неколку саати, се буделе во ноќта, се молеле, пишувале, разговарале, правеле деца и после се доспивале уште неколку саати т.е. спиеле сегментирано.

Според научниците ова е природна шема на спиење за човекот (еволутивно гледано) која има многу здравствени придобивки. Модифицирана верзија на сегментираниот сон практикувам веќе 2 месеци и рака на срце помалку сакам да се отрујам секој понеделник во 8 часот наутро.

2. Дремка

Значајна карактеристика на нашиот народ е носталгијата. Константин Миладинов копнеел да си ја види Струга иако бил еден од ретките Македонци во тоа време со можност да студира во Русија.

Ако сте од постарата генерација тогаш знаете дека од 3 до 5 не се врти на домашен!

Во најголемиот дел од нашата историја, продуктивноста зависела од дневната светлина. Одиш на нива кога ќе се раздени, се враќаш кога ќе се стемни. Затоа нашите родители пред 20-тина години откако ќе се врателе од работа во 14:30-15:00ч си дремнувале една партија (што случајно се поклопува со времето кога можев да користам dial-up интернет со мирна глава).

Историски гледано сиестата е попладневна дремка карактеристична за земјите каде што температурата на пладне е премногу висока за работа и иако има релативно потврдени здравствени придобивки ние никогаш нема да го искусиме задоволството од кратка дремка додека сме на работа.

Освен ако не работите во Google

1. Секс-сомнија

Претходните 4 точки досега беа само вртење во место за да дојдеме до пореметувањето на сонот што посакуваме да го имаат сите згодни комшии или комшивки. Имено човек кој “пати” од секс-сомнија може да учествува во широк спектар на сексуални акти додека спие  и да се разбуди без сеќавања.

“Хмм..не се сеќавам дека ја имав ранава пред да си легнам”

Секс-сомнијата доаѓа нешто како сопственото тело да ти става дрога во пијачката.

Иако звучи интересно, оваа медицинска состојба е мошне сериозна, бидејќи може да доведе до несвесно повредување на луѓето кои се во околината на човекот со секс-сомнија. Дури и неколку пати е искористена како легитимна одбрана во случаи на силување.

Епа толку! Се надевам ви се допадна мојата гостинска статија за Дормео Е-магазинот. Доколку сакате да прочитате уште некоја од моите статии, тркнете на „Здраворазумен Хејтеризам“. Коментари, пофалби, пофалници и забелешки испраќајте на Twitter - @MedoDimoski како и на Facebook страницата на Здраворазумен Хејтеризам.

Поздрав!

Блогот „Здраворазумен Хејтеризам“ на Медо Димоски е добитник на наградата за најреволуционерен блог (социјално и политички ангажиран) во 2012, најсмешен блог во 2012 и најдобар блог за 2012 во Македонија.