КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

5 совети за добар сон со партнерот

Ако ве плаши ’рчењето на вашиот партнер и неговата навика да ви го краде ќебето и поради тоа не сакате да се вселите со него, тогаш размислете повторно. Голем број истражување веќе потврдија дека паровите имаат здравствени придобивки од делењето кревет. Затоа, ви пренесуваме 5 совети како подобро да се прилагодите еден на друг во спалната.

1. Инвестирајте во душек

Одберете душек што не го пренесува движењето од едниот партнер кај другиот. Тоа може да биде огромен душек или пак душек со две јадра, кои се независни едно од друго. Со ваквата автономија често и ќе заборавите дека спиете на ист кревет.

2. Имајте посебни покривачи

Купете си посебни ќебиња или јоргани, особено ако едниот од вас има тенденција често да се превртува во текот на ноќта. Воопшто не е забавно да се разбудите среде ноќта, смрзнати и без ќебе.

3. Адаптација на распоредите

Ако едниот од партнерите работи до доцна и доаѓа кога другиот веќе е легнат да спие, тогаш оној што дошол подоцна треба да се пресоблече во друга соба, за да него наруши сонот на веќе заспаниот партнер. Малку работи на светов се полоши од обидот повторно да заспиете кога некој непланирано ќе ве расони.

4. Прифатете го начинот на спиење на партнерот

Едниот од вас можеби е утринска личност, а другиот не. Прифатете го тоа и сфатете дека многу веројатно ова никогаш нема да се смени. Што воопшто нема да ви попречи во заедничкиот живот.

5. Проверете се за апнеја

Ова е потенцијално сериозна состојба, којашто може да доведе до посериозни проблеми со ’рчењето, но и со дишењето. Лесно се лекува, но прво треба да се открие.