КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

6 малку познати факти за Св. Валентин

Св. Валентин е денот во годината кога сите застануваат и забораваат на своите хаотични распореди и се посветуваат на љубовта и романтиката. Без разлика дали сте безнадежен романтичар или циник, сигурно не сте ги знаеле овие 6 факти за празникот на љубовта.

Св. Валентин е денот во годината кога сите застануваат и забораваат на своите хаотични распореди и се посветуваат на љубовта и романтиката. Без разлика дали сте безнадежен романтичар или циник, сигурно не сте ги знаеле овие 6 факти за празникот на љубовта.

1. Почетокот

Се верува дека овој празник датира од 270 година, кога на власт во Римската Империја бил Императорот Клаудиј II. Бискупот Валентин тогаш бил затворен затоа што правел свадбени церемонии и покрај забраната на Императорот. Додека бил во затвор, тој напишал љубовно писмо до ќерката на човекот кој го затворил, потпишано со „Твој Валентин“.

2. Лек за скршено срце

Во текот на 19. век,  докторите често ги советувале пациентите кои имале „скршено срце“ да јадат чоколадо. Тврделе дека тоа ќе ја намали болката. До ден денешен, голем број жени утехата за скршеното срце ја бараат во чоколадите.

3. Кој добива најмногу честитки?

Најголем број честитки за Св. Валентин добиваат наставниците. По нив следуваат: децата, мајките, сопругите и верувале или не, домашните миленици.

4. Најчудни подароци

Речиси 9 милиони сопственици на домашни миленици купуваат подароци за нивните миленичиња.

5. Цената на љубовта

Мажите трошат речиси двапати повеќе пари на подароци за Св. Валентин од жените. Оваа година, просечниот маж ќе потроши помеѓу 100 и 150 евра за да ја искаже својата љубов.

6. Љубовни птички

Порано се верувало дека ако жена здогледа црвеношијка како прелетува на Св. Валентин, тогаш судбината ѝ е да се омажи со морнар. Ако види врапче, ќе се омажи со сиромашен маж, но ќе живее во среќа.  Доколку пак здогледа трнарче, тогаш иднината ќе ѝ донесе богат сопруг.