КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Дали спиете – премногу?

Дали знаевте дека и предолгото спиење може негативно да влијае на Вашиот метаболизам?

Дали сте од оние луѓе кои велат дека им се доволни само 4 часа спиење за да функционираат како што треба? Или пак сте од оние кои можат да спијат по цел ден?

Како што веќе пишувавме во една од нашите статии, недостатокот на сон може да предизвика зголемување на телесната тежинa, но дали знаевте дека и предолгото спиење исто така може негативно да влијае на Вашиот метаболизам? Доколку спиете по 10 часа, постои можност да се соочите со истите хормонални ризици како и луѓето кои спијат премалку. Најновите истражувања покажуваат дека оние кои спијат помалку од седум часа или повеќе од 9 часа, имаат поголема телесна тежина и пошироки колкови од оние луѓе кои спијат по 8 часа секоја ноќ. Научниците сметаат дека прекраткото/предолгото спиење ја нарушува можноста за контролирање на апетитот, бидејќи истовремено го зголемува хормонот за глад - грелин, додека го намалува лачењето на хормонот на задоволство - лептин. Сакате да бидете 100% сигурни дека го добивате потребниот одмор? Тогаш, обидете се секој ден да спиете по 8 часа, како и да легнувате и да се будите во исто време – дури и за викенд.