КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Дали вашата перница ви предизвикува главоболка?

Главоболката е една од оние ситуации кои најмногу влијаат врз нашиот живот и посебно е мачно кога се будите со болка во главата, по толку потребниот ноќен сон. Има многу причини зошто ова се случува, но понекогаш, причината е многу едноставна – тоа е вашата перница.

Во зависност од вашата положба на спиење, особено кога спиете на грб или стомак, премногу цврстата и превисока перница ќе придонесе за развој на не само напрегање на вратот, туку и главоболки. Тие може да се појават веќе за време на спиењето, но најчесто резултираат со утринска главоболка.

Најчеста причина за тоа е недостатокот од сон. Луѓето со вакво нарушување на спиењето се борат да заспијат, најмногу затоа што изгледаат дека не можат да најдат соодветна поза која е доволно удобна за нив. Исто така, повеќекратното будење во текот на ноќта, поради ова се случува почесто.

Како да постапите правилно?

Ќе ви биде најлесно да започнете да следите како спиете:

  1. во која положба заспивате?
  2. дали се будите во поинаква положба од онаа во која сте заспале?
  3. дали проблемот е само главоболка или чувствувате болка и во вратот, рамената, можеби  и во грбот?
  4. дали веќе го сменивте душекот или спиете на веќе дотраен?
  5. дали имало некоја друга значајна промена што води кон главоболки?
  6. Ако имате и други проблеми, можеби мигрена или друга болест/состојба, секако ви препорачуваме да се консултирате прво со вашиот лекар.

Каква перница да изберете според положбата на спиење?

  • Спиење на грб

Доколку претежно спиете на грб, препорачуваме ниска перница која ја држи главата на ниво со рамената. Подобро перницата да е поцврста бидејќи треба да го држи вратот во положба за одмор. Потребната висина на перницата зависи од вашата висина и тежина.

  • Спиење на стомак

 Спиењето на стомак, за жал, најмногу го оптоварува вашето тело кога спиете. Ако е така, најдобро е да немате перница. Ако апсолутно не можете без перница, изберете мека и ниска, бидејќа таквата е покорисна да се ослободите од напорот и да спречите главоболки.

  • Спиење на страна

 Ако спиете на страа, треба да бидете внимателни за да го одржувате 'рбетот рамен. Мора да имате добра комбинација од површината за спиење и перница. Висината на перницата треба да ја пополни празнината помеѓу вратот и рамената бидејќи на тој начин ќе ги поддржите и главата и вратот. Изберете поцврста перница која е висока, посебно ако имате пошироки раменици.

  • Микс од различни видови на спиење

Ако за време на спиењето многу се вртите и се мачите да најдете соодветна поза, размислете за причините. Можеби на вашето тело не му е доволно удобно, па затоа почесто се вртите. Изберете ја вашата перница според положбата во која обично заспивате и почнете оттаму. Општо земено, перниците кои овозможуваат регулирање на висината најмногу ќе ви одговараат. Душекот исто така треба да биде доволно удобен и да ви обезбеди правилно држење на 'рбетот.