- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Сите ние сме слушнале за Дедо Мраз. Но колку добро навистина го познаваме? Еве неколку интересни факти за Дедо Мраз кои веруваме никогаш не сте ги слушнале.
Сите ние сме слушнале за Дедо Мраз. Но колку добро навистина го познаваме? Еве неколку интересни факти за Дедо Мраз кои веруваме никогаш не сте ги слушнале.
Дедо Мраз ги зборува сите јазици во светот – како инаку би знаел каков подарок сакаме скеоја година? НЕ заборавајте – вербата е многу голем дел од празничното чудо. Ви посакуваме Среќна Нова Година!
Никој не знае точно каде се наоѓа неговиот дом, но со сигурност можеме да кажеме дека Дедо Мраз живее некаде во близина на Северниот пол. Навистина е далеку, ладно и темно, но тоа никако не го спречува секоја година да ги донесе подароците на време
Знаете ли каква е бојата на облеката на Дедо Мраз? Секако дека знаете – таа е црвена со бело. Но, знаете ли кој ја создаде оваа облека? Можеби нема да верувате, но за тоа е заслужна компанијата Кока Кола. Во 1931 година тие ја создадоа црвено-белата наметка за нивната божиќна маркетинг кампања.
Што мислите, колку години има Дедо Мраз? Па, никој не знае сигурно бидејќи, како што знаете, тој е магичен. Но, тој ни носи подароци за Нова Година веќе 200 години. Пред тоа, Св. Никола беше задолжен за носење на среќа во целиот свет.
Да – Дедо Мраз е женет со една прекрасна жена која ние ја знаеме како баба Мразица. Како инаку би постигнал да ги завитка сите тие подароци секоја година.
Дали некогаш сте се запрашале како Дедо Мраз постигнува да ги посети сите места во светот за само една ноќ? Со помошта на неговите екстра – брзи ирваси. Сигурно знаете барем еден од нив – Рудолф со црвеното носе.
Знаевте ли дека научниците од Норвешка се обиделе да откријат зошто Рудолф има црвено носе? Одговорот до кој дошле е дека црвенилото најверојатно потекнува од паразитска инфекција на респираторниот систем.
Сите знаеме дека Дедо Мраз доаѓа во нашите домови преку оџакот. Кога за прв пат го направил тоа? Тој за прв пат се симнал низ оџак пред 172 години во Филаделфија кога на тој начин влегов во една продавница. Од тој ден Дедо Мраз секоја година ги користи оџаците за да влезе во нашите домови и да ни ги остави подароците под новогодишната елка.
Во 2008 година Канаѓаните објавиле дека Дедо Мраз е дел од нивната нација. Зошто? Затоа што живее во нивна близина и затоа што канадското знаме потсетува на неговата облека.