КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Избегнете ја депресијата што доаѓа со диетите

Ако сте еден од многуте луѓе соочени со покачена телесна тежина, диетите можеби Ви се чинат како преод кон среќата. Секогаш кога ќе застанете на вагата сакате таа да покаже многу помалку, се откажувате сосема од храната, со надеж дека за некоја недела ќе ја постигнете идеалната тежина...

Ако сте еден од многуте луѓе соочени со покачена телесна тежина, диетите можеби Ви се чинат како преод кон среќата.

Секогаш кога ќе застанете на вагата сакате таа да покаже многу помалку, се откажувате сосема од храната, со надеж дека за некоја недела ќе ја постигнете идеалната тежина... Но, не само што се покажа дека најголем дел од диетите се неефикасни, туку тие предизвикуваат голем број психички пореметувања. Еве како да ги избегнете.

Намалете ја тежината, соочете се со депресија?

Во една студија направена во 2010 година, со 122 женски субјекти кои биле подложени на рестриктивна диета со најмногу 1200 калории дневно или пак на нерестриктивна диета, во времетраење од три недели, било заклучено дека кај жените на кои им бил ограничен внесот на храна било забележано значително зголемено излачување на кортисол, хормонот кој е поврзан со дебелеење на стомакот, а кој се излачува во стресни ситуации. Во една друга студија, направена во 2009, биле забележани зголемени самоубиствени тенденции и симптоми на тешка депресија кај 194 испитаници со прекумерна телесна тежина кои биле подложени на програма за намалување на телесната тежина во текот на една година, но без користење лекарства. За да донесете правилни одлуки во однос на животниот стил, треба да знаете од каде потекнуваат овие симптоми и од што се предизвикани.

Причини

На мозокот, како и на сите други органи, му е потребна храна за правилно да функционира. При намалување на внесот на храна, понекогаш се јавува недостиг на храна за мозокот и може од таа точка да почне да се бараат причините за депресијата – најмногу поради намалување или недостиг на серотонинот. Луѓето кои сакаат да ослабат што побргу, се лишуваат во целост од храна на подолги периоди, што пак влијае на повеќе телесни функции, меѓу кои и нивото на шеќер во крвта.  Штом шеќерот доволно ќе падне, мозокот се заморува бидејќи започнува да користи глукоза како гориво. Први симптоми за недостиг на гориво се замор, анкциозност и депресија. Исто така, кога некој се изгладнува себеси, предизвикува намалување на метаболичката активност на организмот, што пак директно доведува до замор, губење на волјата и депресија.

Како да се справите

Држењето диета и префрлањето на здрава диета не се едно исто нешто. Многу често се работи за поларни спротивности. Затоа, прво нешто што мора да запомните е дека кога се работи за телесната тежина не постои магија. За сите нешта што ги посакувате ќе мора да работите напорно. Прво и основно, треба да си поставите реалистична цел. Можеби тежината што сте ја зацртале не е најздравата за Вас, па затоа би било мудро прво да се консултирате со матичниот лекар. Второ и многу важно правило е да не се откажете во целост од ниту една храна. Она што Ви е потребно е ограничување на количината што ја внесувате, правилно комбинирање и зголемување на потрошувачката на енергија, т.е. редовно вежбање. Доколку не сакате да се соочите со психички нарушувања, со депресија, со нерасположеност, а во некои случаи дури и со физички симптоми, тогаш стојте на страна од сите диети кои Ви ветуваат брзи резултати. Кога станува збор за здравото слабеење, за жал, не постојат „брзи диети“.