КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Диетална храна што всушност ве дебелее

Кога некоја храна е означена како диетална, тогаш конзументот се опушта, знаејќи дека во неа има мал процент на масти, ниска калорична вредност, низок процент на сол, итн. Но, дали знаете дека одредени диетални производи можат да имаат контраефект и да предизвикаат напластување на килограмите?

Кога некоја храна е означена како диетална, тогаш конзументот се опушта, знаејќи дека во неа има мал процент на масти, ниска калорична вредност, низок процент на сол, итн. Но, дали знаете дека одредени диетални производи можат да имаат контраефект и да предизвикаат напластување на килограмите?

1. Прелив за салата без масти

Проблемот со обичните преливи за салати е фактот што содржат премногу масти. Нормално, тоа прави да посегнете по оние што се без масти. Но, тие содржат многу шеќер, понекогаш повеќе и од типичниот кечап, што е многу полоша варијанта. Дополнително, зеленчукот заедно со 0% масти ја оневозможува апсорпцијата на витамините што се раствараат во масти, како што се ликопин и бета-каротин.

2. Здрави сокови  

Сокот од брусница е многу здрав и штити од инфекции на уринарниот тракт. Содржи голем процент на фитохемикалии, што го намалува ризикот од рак и кардиоваскуларни заболувања. Но, природниот сок од брусница е и екстремно кисел. Она што го пиете всушност е мешавина од сок од брусница со вода и шеќер или пак со сок од други овошја. Во некои коктели со брусница има толку многу шеќер колку што има во 7 колачиња со чоколадни трошки.

3. Пијалаци со вештачки засладувачи

Без шеќер, без калории! Вештачките засладувачи ви овозможуваат да пиете и јадете слатки производи без да се грижите за килограмите, нели? Не баш. Сите студии фокусирани на „диеталните“ производи од овој вид укажуваат дека тие предизвикуваат дебелеење наместо да го спречат, преку создавање посилно чувство за глад на подолг рок.

4. Смрзнати оброци

Се чини дека смрзнатите оброци се соодветно поделени во мали порции и е потребно само да ги подгреете за да стигнете до здрава храна. Проблемот е што тие можат да содржат исто толку сол колку и 4 до 8 просечни порции чипс.

5. Доматен сос

Доматниот сос е корисен за здравјето. Доматите содржат ликопен и се исклучително добри за здравјето на срцето. Проблемот настанува кога конзумирате купени доматни сосови. Како што е случајот со кечапот, така и доматните сосови можат да бидат преполни со шеќер, кој се додава за да ја ублажи киселоста, што значи дека во еден оброк приготвен со ваков доматен сос може да содржи дополнителна порција „десерт“ без вие тоа воопшто да го забележите. Секако, вашиот струк ќе го забележи.