КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Дремките решаваат голем број проблеми

Не успеавте да се наспиете минатата ноќ? Зошто не дремнете? Студиите покажаа дека не само што речиси веднаш ќе се чувствувате подобро, туку дремка пред 16 часот ќе ги подобри менталните способности...

Не успеавте да се наспиете минатата ноќ? Зошто не дремнете? Студиите покажаа дека не само што речиси веднаш ќе се чувствувате подобро, туку дремка пред 16 часот ќе ги подобри менталните способности, ќе ги намали шансите за зголемување на телесната тежина и што е најважно – нема да има влијание врз ноќното спиење. Исто така, дремката: -Ќе Ви ја зголеми продуктивноста и до 100 проценти -Ќе Ви го изостри умот и ќе можете да носите подобри одлуки -Ќе ги регенерира клетките од кожата, поради што ќе изгледате помладо -Ќе Ви ја зголеми сексуалната желба -Ќе Ви помогне да ја намалите телесната тежина преку промена на метаболизмот и хемикалиите кои директно влијаат на апетитот -Ќе го намали ризикот од срцев удар, излив, аритмија, висок крвен притисок и други кардиоваскуларни проблеми -Ќе Ви го подобри расположението преплавувајќи го мозокот со невротрансмитерот серотонин -Ќе ја забрза способноста за извршување моторни функции, како што се пишувањето, оперирање со машини, па дури и пливање -Ќе Ви ја подобрипрецизноста – во сите задачи -Ќе го подобри начинот на кој телото ги процесуира јаглехидратите, што го намалува ризикот од дијабетес -Ќе ги изостри сетилата, за да можете точно да препознаете што е важно, а што не од преголемото количество информации со кои доаѓате во контакт во текот на денот -Ќе Ви ја зголеми креативноста -Ќе предизвика лачење на хормон кој ги блокира деструктивните хемикалии кои настануваат како последица на стресот -Ќе Ви ја подобри способноста за учење нови нешта и нивно подобро помнење -Ќе ја елиминира потребата од кофеин и алкохол за манипулирање на расположението -Ќе ги намали главоболките и мигрените и ќе го подобри спиењето во текот на ноќта и -Ќе направи да се чувствувате многу подобро.