КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Храна што ќе ви помогне да заспиете

Дали ви се случува неколку ноќи во неделата да се превртувате и да не можете да заспиете, иако не постои особена причина за тоа? Постои добра шанса да имате проблеми со спиењето поради оброкот што сте го имале за вечера. Ова се дел од прехранбените производи кои можат да ви го подобрат циклусот на спиење и кои треба да ги пробате и доцна навечер.

Дали ви се случува неколку ноќи во неделата да се превртувате и да не можете да заспиете, иако не постои особена причина за тоа? Постои добра шанса да имате проблеми со спиењето поради оброкот што сте го имале за вечера. Ова се дел од прехранбените производи кои можат да ви го подобрат циклусот на спиење и кои треба да ги пробате и доцна навечер.

Овес

Ова е омилена храна за појадок на многумина, но овесот во комбинација со кафе е одлчен начин за обезбедување енергија за денот. Овесот, слично како интегралниот леб, предизвикува зголемено излачување на инсулин. Го подигнува нивото на шеќер во крвта и природно ве прави поспани. Овесот е богат со мелатонин, кој го опушта телото и ви помага да заспиете.

Бадеми

Еден грст бадеми и наскоро ќе задремете. Бадемите содржат триптофан и магнезиум, кои природно помагаат во намалување на нервната и мускулната функција и постепено го смируваат ритамот на срцето.

Мед

Медот содржи гликоза, која му соопштува на мозокот да прекине со излачувањето на рексинот, хемикалијата што предизвикува будност и свесност. Но, внимавајте да не претерате. За добро да се наспиете е доволна една лажичка мед.

Интегрален леб

Кога не можете да заспиете, јаглехидратите ви се најдобар пријател и најлош непријател. Едноставните јаглехидрати, како што се слатките и газираните сокови се одлични за брз наплив на нергија, затоа што бргу се варат. Јаглехидратите, како што се интегралните житарки предизвикуваат повишување на нивото на гликоза во крвта, но што тоа ниво ќе падне, водат кон пад на енергијата. Затоа тие се одлични за вежбање, но не и за голем ручек.

Цреши

Најдобар начин за добро да се наспиете е да го зголемите внесот на мелатонин. Црешите, заедно со јаткастите плодови и овесот, се природен извор на мелатонин и, доколку редовно се внесуваат, можат да ви помогнат во регулацијата на циклусот на спиење.