КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Изненадувачки здравствени придобивки од спиењето

Спиењето прави да се чувствуваме подобро, но важноста на добриот сон е многу поголема отколку расположението и справувањето со неубавите подочници. Соодветното и квалитетно спиење е интегрален дел од здравиот животен стил и може да придонесе за добрата здравствена состојба на срцето, мозокот, но и многу повеќе од тоа...

Подобра меморија

Кога спиеме, мозокот е доста зафатен. При спиење се зацврстува меморијата и може дури да се „вежбаат“ одредени вештини што сте ги учеле додека сте биле будни (овој процес се нарекува консолидација). Без разлика дали се работи за ментална или физичка вештина, ќе можете многу побргу и многу подобро да ја изведете доколку редовно спиете.

Подолг живот

Премалку или премногу спиење се поврзува со покус животен век – иако не се докрај прецизирани причините или ефектите. Спиењето, исто така, влијае и врз квалитетот на животот. Голем број од нештата во секојдневието кои ги земаме здраво за готово во голема мера се повлијаени од спиењето. Логично следува дека ако квалитетно спиеме, сите активности ќе можат да се изведуваат многу подобро.

Подобрени физички способности

Ако сте спортист, спиењето во голема мера може да ви ги подобри перформансите. Со квалитетно спиење може да се подобри брзината, издржливоста и да се намали хроничниот замор.

Подобрено внимание

Недоволното спиење кај децата има поинакво влијание отколку кај возрасните. Додека возрасните стануваат поспани, децата имаат тенденција да стануваат хиперактивни. Со тоа, им се намалува и вниманието и стануваат многу поимпулсивни. Кога добро се наспиваат, им се подобрува вниманието и концентрацијата.

Здрава телесна тежина

Ако планирате да започнете со план за слабеење, не заборавајте во планот да вклучите и порано легнување. Според истражувањата направени на оваа тема, добро наспаните луѓе намалуваат и до 56 проценти повеќе масни наслаги со ист напор, во однос на хронично ненаспаните и уморни луѓе.

Намален стрес

Кога станува збор за здравјето, стресот и спиењето се нераздвојно поврзани и двете можат во голема мера да влијаат врз кардиоваскуларното здравје. Спиењето може да го намали нивото на стрес и на тој начин, луѓето можат многу подобро да го регулираат крвниот притисок. Спиењето влијае и врз нивото на кортисол во крвта, за кој се верува дека е еден од главните предизвикувачи на срцеви заболувања.