КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да го научите мозокот да заспие?

Си доаѓате дома по напорен ден на работа и се чувствувате преморено. Ја гледате омилената серија на Нетфликс и тело почнува полека се гаси. Сѐ оди по план, додека не се префрлите во спалната соба, си легнувате и наеднаш, очите се широко отворени и никако не можете да заспиете. Што се случува? Што е причината за ова? Како да заспиете во ваков случај?

Оваа состојба се нарекува условена возбуда. Експертите објаснуваат дека е чест проблем со спиењето кој се појавува поради тоа што мозокот е под влијание на надворешни фактори и по грешка верува дека е време за будење.

Што го лаже мозкот дека не е време за спиење?

Има многу фактори кои можат да го го спречат умот да заплови во земјата на соништата. Можеби е проблем на работа, светлината во собата, температурата во собата или душекот на кој спиете.

Исто толку важно, ако мозокот не го поврзува креветот само со спиење, туку и со активности како работење на лаптоп, телефон или гледање серии, голема е веројатноста дека тој ќе почне да го доживува креветот како место за активности.

Можеби имае проблеми да заспиете поради неодамнешен стресен настан. На пример, губење на работата или смрт на некој близок. Ако грижите ви доаѓаат на ум уште пред да си легнете, мозокот го поврзува креветот со будењето во иднината.

Еве што треба да го научите мозокот

Главниот дел од третманот е да го чувате креветот само за спиење. Треба да му покажете на мозокот кој дел од домот за што служи. Ако работите на лаптопот додека лежите во кревет, вашиот мозок ќе почне да го поврзува креветот со работата и пребарувањето по социјални мрежи.  

Исто така, не останувајте во кревет подолго од 20 минути откако ќе се разбудите. Станете и правете нешто додека повторно не дојде ред за спиење.

Неопходно е да:

  • Следите распоред на спиење,
  • Ја прилагодите температурата во собата и
  • Да го научитет мозокот дека креветот е место за спиење

Пробајте ги овие работи и брзо ќе ја забележите разликата.