КУПУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ
Наши продавници
Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

Како да се ослободите или заштитите од напнатост во вратот?

Дали имате “технолошки” врат? Премногу зјапате во телефонот или сте подгрбавени над компјутерот цел ден? Дали правите повторливи движења, носите тешки торби, кревате тегови или друга спортска активност? Можеби сте под голем стрес и ненамерно сте напнати, напрегајќи ги мускулите на вратот. Или, едноставно спиете на несоодветна перница што предизвикува напнатост за време на спиењето?

Начини за ослободување од напнатост во вратот?

  • Вежби или истегнувања против напнатост во вратот ќе ви помогнат да ја намалите напнатоста, но секако треба да пробате серија вежби, како што се истегнување на седечкиот врат, истегнување од брадата до градите или истегнување со притискање на образите. Може да се обидете и со јога.
  • Другите третмани за врат најчесто вклучуваат акупунктура, масажа, нанесување топлина или мраз, натопување во солена вода или топла бања, земање нестероидни антивоспалителни лекови и вежбање медитација.

Превенцијата е најдобра опција!

Иако можеби во моментов немате напнатост на вратот, сепак треба да размислите за начини како да спречите тоа да се случи. Еве неколку совети:

  • Приспособете ја перницата на положбата за спиење и цврстината на душекот.

Додека спиете, вашето тело треба да лежи рамно, за да не се истега премногу ниту вратот ниту рамената и непотребно да се оптоварат. Ако спиете на грб или стомак, обидете се со пониска перница. Ако спиете на страна, обидете се да ги потпрете рамената со, по можност поцврста,  анатомска перница. На тој начин вашите раменици ќе бидат соодветно сместени, што ќе ја намали болката во вратот и рамената.

  • Уредете го вашето работно место

Ако седите пред компјутер, проверете дали вашиот монитор е на ниво на очите. Приспособете ја висината на столот и работната маса, но, може да се обидете да користите стоечко биро. Проверете дали тоа е точно наместено.

  • Обрнете внимание на вашето држење

Седејќи или стоејќи, држете ги колковите, рамената и ушите во права линија. Бидете внимателни кога го држите мобилниот и листате низ него, читате весник и слично затоа што тоа се ситуации во кои најмногу се напрегнуваме.

  • Не носете тежина на рамениците 

Обидете се да користите торба со тркалца, кога одите на шопинг, за да не мора да носите тешки чанти преку рамениците. Исто така, обидете се да го минимизирате носењето в раце на вашето дете, милениче или други тешки предмети при подолг временски период. Користете помошни средства, како на пимер, количка.

  • Редовно вежбајте за да имате посилни мускули

Обидете се со умерено вежбање најмалку 5 пати неделно по половина час, за да го одржите телото во форма. Со силни мускули, помала е веројатноста да развиете болка поради причини за лошо држење.

  • Ослободете се од стресот со јога и медитација

Ако имате многу обврски и сте преоптоварени, се изложувате на ризик да развиете болки во вратот и рамото. Не заборавајте - кога сме под стрес, нашите мускули имаат тенденција да се напнат. За да бидете сигурни дека нивото на стрес не е превисоко, редовно користете техники за релаксација, како што се јога и медитација.