- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
- Веќе имате корисничка сметка?Најавете се
- Нов купувач?Регистирајте се
Една од најчестите грешки што паровите ја прават во сексот и со тоа многу побргу ја убиваат страста е лошата (или немањето) предигра. Овој дел од сексуалното задоволство е многу важен за подгревање на фантазијата и одржување на возбудата.
Во минатото, предиграта ја прескокнувале мажите, кои можат да се возбудат од самото гледање на партнерката. Во денешно време, сѐ повеќе жени се одлучуваат да го скусат сексуалниот чин (преку елиминирање на овој важен дел), за да си обезбедат повеќе време за другите активности. Но, предиграта е премногу важна за да биде елиминирана. Покрај сѐ останато, таа дополнително ги зближува партнерите.
Не постои универзален одговор на прашањето – што е добра предигра. Таа е прашање на вкус и според тоа, различна за секого. Она што е сигурно е дека треба да започнете со истражување на телото на партнерот и потоа да одите онаму каде што ќе ве одведе фантазијата.
Не заборавајте да комуницирате со оној што е со вас во постелата. Чујте што сака, а што не, а потоа движете се во тие граници. Можеби ќе ви каже дека се бакнувате премалку (или премногу), па потрудете се тоа да го промените.
Усните се една од главните ерогени зони и не смеете да ги игнорирате во текот на сексуалната игра. Бакнувајте ги, исто како што ги бакнувате и другите делови од телото. Ерогена зона кај најголем дел од жените е и вратот, а во зависност од личноста, таа може да ужива во нежно или грубо бакнување на вратот.
Во текот на предиграта, правете го тоа различно отколку што го правите во текот на половиот однос, за да ја одбегнете монотонијата.
Креирајте пријатна атмосфера за љубовната игра. Деталите се многу важни за уживањето, па така, погрижете се во спалната соба (или каде и да водите љубов) да биде топло, а не толку студено што едвај ќе чекате да се најдете под покривачот; сменета ја постелнината – попријатно е да се ужива на чиста и миризлива постелнина, отколку на валкана.
Не брзајте да ја соблечете партнерката до крај. Жените многу внимателно ја бираат долната облека пред сексуалниот чин. Одвојте малку време да ја гледате во неа и да се воодушевувате на глетката. Не само што тоа ќе направи таа да се чувствува поубаво и посекси, туку сигурно и Вас ќе ве возбуди уште повеќе.
Иако не постои универзален рецепт за предигра, едно е сигурно – никогаш не дозволувајте да се повторувате. Клучот за долготрајната страст и возбуда е во разновидноста.